Освежителен колач од плазма, ресана и овошен јогурт

Нема посовршен летен десерт од колачот со ресана, плазма и овошен јогурт кој дава посебно освежителна нота на секое залче. Вистински летен десерт.Потребни состојки:
– 2 кутии ресани- 2 кутии плазма- 3 кесички шлаг од ванила- 1 kg слатка павлака- 800 g овошен јогурт со овошје по ваш избор
Подготовка:
Плазмата потопете ја во малку сок по можност од истото овошје кое го има во јогуртот, колку да омекне. Наредете ја на поголема тепсија или друга подлога.
Изматете ја слатката павлака не премногу цврсто и додајте го овошниот јогурт, па продолжете да матите со лажица или со жица и половина од смесата нанесете врз плазмата.
Врз неа наредете исто така потопена ресана во сок, па врз неа премачкајте ја останатата половина од слатка павлака и овошен јогурт.
На крај, изматете ги трите шлагови од ванила со млеко и премачкајте го колачот целосно.
Готови сте за 15 минути. Оставете го во фрижидер да се излади и стврдне, па може да го послужите со некоја лимонада.Потребни состојки:
– 2 кутии ресани- 2 кутии плазма- 3 кесички шлаг од ванила- 1 kg слатка павлака

Пронајдете не на следниве мрежи: