За период од само две години дури 74 експерти на американската вселенска агенција НАСА загинаа или починаа под, засега, непознати околности. Алберто Бехар (47) е последниот случај во оваа долга низа. Тој е познат научник на НАСА, кој се изнесе теорија и докази дека порано од имало присуство на вода на Марс, но пред да ги доврши истражувањата почина во петокот минатата недела во Лос Анџелес, а по оваа последна несреќа зачестија прашањата на јавноста и научните кругови – Зошто за кратко време од само две години загинаа, или ненадејно починаа дури 74 НАСА експерти?
Она што дополнително ги засилува сомневањата во планска ликвидација е што сите случаи на смрт, насилна или ненадејна без претходни знаци на смртоносна болест, се случиле непосредно откако некој од починатите научници завршиле некое истражување во НАСА. Набргу, како по правило, се случувала несреќа. Аналитичарите, и заради ова, сметаат дека 74-те починати знаеле нешто што не требало да се знае, или некој имал интерес нивните сознанија од вселенските истражувања да не се довршат или обелоденат.
Медиумите пишуваат дека Бехар работел во НАСА, во Пасадена цели 23 години, а од позначајните проекти е неговото учество во истражувањата на планетата Марс. Бил експерт за роботика, и неговиот дел од истражувањата е употребата на роботите на Марс, во тешки и непознати услови, како и употреба на роботи во истражувања во внатрешноста на вулкани и длабоко под вода.
По овој 74-ти случај на смрт меѓу експертите на НАСА со оваа мистерија почнаа да се занимаваат и научници кои истакнуваат теорија на заговор и плански убиства на експертите. Имено на првата и втора видео снимка, приложена подолу кон овој текст, се изнесени низа недоследности во однос на официјалната верзија за смртта на Бехар
Третата снимка е направена непосредно пред смртта на Бехар, и објаснува зошто денес работното место на експерт во НАСА е најризична професија опасна по живот.
Алберто Бехар (47) е последниот случај во оваа долга низа. Тој е познат научник на НАСА, кој се изнесе теорија и докази дека порано од имало присус
Пронајдете не на следниве мрежи: