Павле Саздов: Оливер Спасовски одлучи Едмонд Адеми да го вработи во МВР и да го плати со пари од граѓаните

Интегрален текст од прес конференцијата на Павле Саздов 
Едмонд Адеми кој е член на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ лани напиша: “-Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува!”.
Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски одлучи овој партиски функционер да го вработи во МВР и да го плати со пари од граѓаните на општа згрозеност и шок во јавноста.
Генералниот секретар на СДСМ, сега и технички министер во МВР мора да одговори дали го вработи Едмонд Адеми за да го спроведува крвавото сценарио поддржано и смислено од СДСМ?
Оливер Спасовски исто така и должи одговор на јавноста дали и колкаво претходно работно искуство има Едмонд Адеми во овие структури?
Дали платата на Едмонд Адеми е 60.000 денари и дали Едмонд Адеми поседува безбедносен сертификат за да биде поставен на така висока позиција во која би доаѓал во допир со класифицирани информации?
Случајот со Едмонд Адеми е последниот во низата на груба партизација на Министерството за внатрешни работи, министерство во кое треба да се вработуваат професионални кадри со строги критериуми.
Претходно Спасовски, на истиот начин, без конкурс и без ден работно искуство во полиција, вработи партиски послушници и функционери на СДСМ.
Тој на пример ја ангажираше Магдалена Несторовска – Претседател на советничката група на општина Карпош. Тој го ангажираше и Горан Трајановски кој беше Претседател на комисијата за информатика при СДСМ. 
Владимир Пивоваров во МВР беше донесен од партиската комисија за безбедност при СДСМ, а потоа следеше и наградата за Лазе Велковски лично обезбедување на Радмила Шеќеринска кој што од Агенција за разузнавање беше префрлен во МВР.
Оливер Спасовски сеуште и должи одговор на јавноста и за ангажирањето на неговиот портпарол Тони Ангеловски. Според сознанијата кои ги имаме Тони Ангеловски е вработен спротивно на законот и го нема  потребното искуство од најмалку 7 години за да биде поставен на таа функција, началник.
Јавноста исто така беше запознаена и со незаконската смена на началници во МВР, за да се постават други кои се блиски до СДСМ од страна на Оливер Спасовски. Јавноста виде дека Оливер Спасовски нема намера да ги почитува времените мерки кои што ги донесе Управнот суд.
Јавноста го виде системот на кариера кој го спроведува Оливер Спасовски и кога незаконски го унапреди сопругот на неговата колешка Фросина Ременски. Јовче Ременски, на ден пред нова година од самостоен инспектор во ПС Гази Баба беше распореден на позиција генерален советник – инспектор во Кабинет на УБК, што е незаконски скок од 4 нивоа, и представува рушење на системот за кариера кој што беше воспоставен во МВР.
На очиглед на јавноста СДСМ и Оливер Спасовски, преку груба и насилна партизација, со рушење на принципите и системот на ова министерство, се обидуваат МВР да го стават во своја лична и партиска функција за извршување на веќе свои однапред планирани сценарија, а Едмонд Адеми е последниот во низата кој заедно со другите кадри на СДСМ треба да го спроведе ова.
Оливер Спасовски во најбрз можен рок да и одговори на јавноста на овие прашања, бидејќи се работи за ресор кој треба да им нуди безбедност, спокој и мир а граѓаните, а не крвави сценарија и работа за личен тесно- партиски интерес.
Граѓаните на Република Македонија на 5 ти мај ќе го осудат ваквиот хаос и беззаконие кое го промовира СДСМ!
  
Едмонд Адеми кој е член на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ лани напиша: “-Дур не се пролее крв по улици, ниту режим

Пронајдете не на следниве мрежи: