Кесадиљата е популарно мексиканско јадење кое всушност претставува печени тортиљи со растопен кашкавал, а останати состојки зависат од вашиот вкус. Почнете со овој предлог, а потоа можете и самите да експериментирате со вкусовите.Состојки:
Големи тортиљи
Рендан кашкавал – се препорачува чедар
Маслиново масло
Сечкани печурки
Црни маслинки
Свежи домати, сечкани
Парчиња пилешко месо, претходно приготвено
Авокадо
Марула
Сол
Начин на подготовка:
Загрејте ја тавата на среден оган. Ставете малку маслиново масло, а потоа ставете ја тортиљата. Превртете ја неколку пати, печејки по 10 секунди на секоја страна.
Потоа наредете ги кашкавалот, и врз него и останатите состојки, сè освен марулата. Намалете ја јачината на огнот и печете додека не се растопи кашкавалот. Превртете ја тортиљата на половина како да правите омлет.
Кога тортиљата ќе биде готова, тргнете ја од оган и ставете ја и марулата.Состојки:
Големи тортиљи
Рендан кашкавал – се препорачува чедар
Маслиново масло