Посни бомбици од компир

За сите љубители на јадења со компир, ви претставуваме брз и вкусен рецепт кој може да ви послужи како предјадење или додаток на вашиот омилен оброк.
Состојки:
500гр. варен компир4 лажици овесни снегулки4 лажици семки од сончоглед4 лажици пченични никулциПола чајна лажичка куркумаВегетаСол и бибер
Начин на подготовка:
Ставете вода на оган со малку маслиново масло и сол. Кога водата ќе зоврие додадете ги овесните снегулки и варете ги се додека не ја упијат водата и целата смеса се згусне. Тргнете го тенџерето од оган за да се оладат. Потоа додадете ги во претходно испасираните сварени компири. На крај додадете ги сончогледовите семки и никулците. Целата смеса убаво измешајте ја и зачинете со сол, вегета и куркума. Формирајте топчиња и во плех на хартија за печење наредете ги и печете околу 20тина минути на 200 степени! Кога ќе зарумента,извадете ги бомбиците и послужете со сос од домати. 
Уживајте!За сите љубители на јадења со компир, ви претставуваме брз и вкусен рецепт кој може да ви послужи како предјадење или додаток на вашиот омилен обро

Пронајдете не на следниве мрежи: