Преку интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот до побрзо вработување на младите

Loading...

Во просториите на Општина Аеродром утре со почеток во 15:00 часот ќе се одржи промотивен настан за проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“, финансиран од Европската унија.Настанот е наменет за сите млади луѓе и жени (студенти и невработени), претставниците на приватниот сектор и компаниите, кои се потенцијални работодавачи. Поканети се и претставници на релевантни институции и организации што работат на полето на поддршка и јакнење на економскиот потенцијал на младите и жените, како и претставници на локалната самоуправа.
На промотивниот настан ќе биде презентирана планираната проектна програма која ќе вклучи:
-обуки за вработување и самовработување, обуки за започнување бизнис, ИТ-курсеви, курсеви по англиски јазик, работни практики во повеќе компании, креативни работилници, менторски сесии;
-онлајн курсеви за развој на вештини и лансирање на одржлива платформа за е-учење;
-јакнење на обучувачите од граѓанските организации за пилотирање онлајн курсеви и користење на онлајн платформата;
-бизнис план натпревар и финансиска помош од 3.000 евра за 5 бизнис идеи.
Повеќе информации може да се најдат на: www.pretpriemac.mk.
Главна цел на проектот е да им помогне на младите луѓе и жените преку зголемување на нивната конкурентност на пазарот на трудот и капацитетите за вработување и самовработување, со цел формирање нови бизниси, како и создавање движечка сила, која ќе овозможи континуирано градење на капацитетите и поддршка на професионалниот развој.
Проектот го имплементираат Фондација за претприемачки сервис за млади (координатор), ЗИП Институт, Ромската организација на жените „Даја“, како и Фондација Футуре 21.Настанот е наменет за сите млади луѓе и жени (студенти и невработени), претставниците на приватниот сектор и компаниите, кои се потенцијални р

loading...
Loading...