Презентација на вториот проект за подобрување на општинските услуги во Македонија

Во општина Прилеп денеска се оддржа Презентација на вториот проект за подобрување на општинските услуги во Македонија. Презентацијата беше извршена од страна на претставник од МСИП проектната единица при Министерството за финансии и претставник од Канцеларијата на Светска банка во Скопје и градоначалници. Целта на проектот е преку финансирање на општините, по пат на долгорочно on-lending задолжување, да се овозможи реализирање на инвестициони проекти кои преку зголемување на приходите односно намалување на оперативните трошоци на општината, ќе придонесат кон подобрување на перформансите на општината, квалитетот на комуналните и другите општински услуги како и развиток и зајакнување на општински функции и надлежности уредени со Законот за единиците на локалната самоуправа. На настанот се презентираа најчестите проблеми и искуства при имплементација на проектите од првиот проект за подобрување на општински услуги преку кој успешно се финансирани 70 проекти во 54 општини, во рамки на кои беа изградени училишта, градинки, локални улици, водоводи, канализации и други капитални проекти за подобрување на животот во македонските општини.
Во општина Прилеп со срдства од првиот проект за подобрување на општинските услуги, градот доби нов современ влез со четири ленти, од бензиската Лукоил до раскрсницата кај Солидност, а веднаш потоа поради успешно завршниот проект (влезот во градот на потегот од бензиската на Лукоил до Солидност) Прилеп доби нов грант од Светска Банка во висина од 130 илјади евра, реши наменски да го искористи за финансиска поддршка, за изградба на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1.
 Презентацијата беше извршена од страна на претставник од МСИП проектната единица при Министерството за финансии и претставник од Канцелар

Пронајдете не на следниве мрежи: