Пронајдени се Адам и Ева?!

Магазинот „Сајнс“ објави дека го пронашле таткото на сите денешни мажи кој живеел пред 135.000 години.Научници од своите истражувања на машкиот Ипсилон хромозом тврдат дека го пронашле најстариот човек од кој потекнува денешниот човек.
Во заклучоците од истражувањето се наведува дека новооткриениот „Адам“ живеел во истиот период кога и прамајката на сите жени, условно наречена „Ева“, но она што е интересно е тоа дека тие не живееле близу еден до друг и немале директни заеднички потомци.
Досега во научната јавност доминираше становиштето дека предците на современиот човек пред околу 60.000 години тргнале од Африка и почнале да го населуваат целиот свет. Според ова тврдење, прамајката на сите жени потекнувала од источна Африка.
„Адам“ и „Ева“ од истражувањето не се поврзани со истоимените личности од Библијата, туку имињата се искористени на сликовит начин да се посочат како предци на современото човештво.Научници од своите истражувања на машкиот Ипсилон хромозом тврдат дека го пронашле најстариот човек од кој потекнува денешниот чове

Пронајдете не на следниве мрежи: