Радмила Шекеринска и злосторничкото здружение СДСМ не може да обвинуваат друг за кризата во која само тие ја втурнаа земјата

Најпоразуваниот политичар во историјата на Македонија Радмила Шекеринска и злосторничкото здружение СДСМ не може да обвинуваат никој друг за кризата во која само тие ја втурнаа земјата.Најпрво СДСМ тоа го стори со непризнавањето на изборите за кои сите знаат дека беа кристално чисти, што се потврди и деновиве со последниот бродолом на лагите на СДСМ околу фантомските гласачи. Потоа СДСМ го продолжи делото со уценувањето и нападот врз институциите и држењето во заложништво на целата држава. Сето ова само затоа што на Бихаќка не може да седнат и да напишат програма која кредибилни политичари, а не комплетни лузери, ќе ја презентираат пред народот и ќе се борат за довербата.
СДСМ не сака да работи, туку сака само да урива. Да знаеше СДСМ да работи, ќе имаше еден проект во својата историја со кој ќе се пофалеше. А единствените проекти со кои Шекеринска и СДСМ може да се пофалат се „По еден вработен од секое семејство“ кој заврши со катастрофа, проектот „Ќе ја внесеме Македонија за 6 месеци во ЕУ и НАТО“ кој би завршил со сериозна катастрофа за СДСМ и проектите „Приватизирај ја Македонија“, „Затвори 684 фабрики“ и „Избркај 200.000 луѓе на улица“ со кои го одбележаа животот на стотици илјади граѓани.
Од поновите проекти, СДСМ е познат и по „Фабриката за афери на Заев, Чауш и Спасовски“ која отиде во стечај, а нејзините организатори ќе бидат кривично гонети, како и по проектот „Дај му евро на Вицето“.
Една ваква срамна деструктивна партија како СДСМ не може да претендира да ја добие волјата од народот. На Македонија најмногу од се и треба список на политичари прочистен од лузери и деструктивци како Шекеринска, Заев и нивната екипа на послушници.
На Македонија не и требаат политичари како Заев и Шекеринска кои на медиумите кои не ја следат слепо нивната пропаганда и не служат како партиски гласила на СДСМ, ги прогласуваат за политички непријатели, им се закануваат со затворање и драконски казни. Заев и Шекеринска тоа можеби можат да го прават во Северна Кореја или ИСИС, но нема да го прават тоа во Македонија. Заев, Шекеринска и СДСМ до последен здив, бидејќи немаат ни П од програма, ќе се борат да обезбедат алиби за бегство од избори, за нивно одложување или непризнавање на резултатите.
Но треба да знаат: никој жив повеќе не им верува на најдолните лаги и манипулации. Ни Макрадули, ни Гордан Георгиев ни сестрата на Радмила Шекеринска веќе не веруваат дека т.н. фантоми им ја краделе победата на СДСМ. Само СДСМ е виновен за оваа мизерија во која е денес и никој друг. Ако СДСМ продолжи вака, ќе продолжи и мизеријата. Граѓаните знаат кому да веруваат. И ќе го казнат СДСМ 10-ти пат по ред на изборите кои следат. СДСМ ќе остане онаму каде што граѓаните го чуваат 10 години по ред, што подалеку од власта.
 Најпрво СДСМ тоа го стори со непризнавањето на изборите за кои сите знаат дека беа кристално чисти, што се потврди и деновиве со последниот&nb

Пронајдете не на следниве мрежи: