Реакција на реакцијата на СДСМ што се однесуваше на загадувањето на воздухот

СДСМ продолжува да манипулира со здравјето на граѓаните. За СДСМ грижата за здравјето за граѓаните е актуелна само кога може да се постигне некаков мал политички поен.За СДСМ гласачите се само бројка, а интересни се само пред изборите. Затоа СДСМ е несериозен на ваква сериозна тема. Затоа СДСМ намерно ги пласира тезите од ивицата на здравиот разум дека ВМРО-ДПМНЕ го контролира квалитетот на воздух, месечевите мени, метеорските дождови и движењето на галаксиите во вселената.
Она што СДСМ го премолчува е одговорот на прашањата зошто СДСМ беше игнорантен кон проверката на квалитетот на воздухот и преземање мерки за намалување на загадувањето? Зошто немаме бројки за споредба на загадувањето од време на СДСМ и да ги споредиме денес?
Бидејќи СДСМ не сакаше да го мери загадувањето на воздухот и да си отвори работа морајќи да се справува со овој проблем. СДСМ не е познат по работата, туку само по зборувањето.
Не беа познати по работата ни двајцата последни министри за животна средина во владите на СДСМ, Љубомир Јанев и Зоран Шапуриќ уште познат и како министерот кој потона во малите поплави во Македонија. Ниту еден проект за справување со загадувањето на воздухот. Тоа беше стратегијата на СДСМ – нема загаден воздух ако нема мерење на загаденоста на воздухот. СДСМ замижуваше и чекаше проблемот да исчезне.
За разлика од нив, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.
Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.
Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици. Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.
СДСМ нема одговор на вакви прашања. СДСМ не е сериозен на вакви сериозни теми. Тоа е причината поради која СДСМ губи 9 пати по ред на избори. Тоа е причината поради која за само 136 дена на 24 април СДСМ нема да ја добие поддршката од народот десетти пат по ред.За СДСМ гласачите се само бројка, а интересни се само пред изборите. Затоа СДСМ е несериозен на ваква сериозна тема. Затоа СДСМ намерно ги пласира

Пронајдете не на следниве мрежи: