Реакција на соопштението на СДСМ што се однесуваше на субвенциите

СДСМ се крајно лицемерни и неискрени.Оливер Спасовски и Фросина Ременски, не гласаа ЗА на седницата на Владата оддржана на 12.11.2015 година, и не ги поддржаа измените на Програмата за субвенционирање донесени на владината седница, со кои се овозможува исплата на останатите 12 милиони евра за земјоделците.
Земјоделците знаат дека СДСМ не ги поддржуваат политиките во земјоделието кои ги превзема оваа власт.
Зошто СДСМ несака да ги слушне 30.000 тутунари кои субвенциите од едно евро за килограмги зедоа во периодот април/мај и сите оние кои од 101 милион евра субвенции досега добија повеќе од 88 милиони евра.
Затоа, ние уште еднаш ќе кажеме дека годишниот календар за исплата се следи. Има задоцнување од еден месец во реализирањето на субвенциите за поледелството зашто се продолжи рокот за поднесување барања за 30 дена побарање на земјоделците и поради временските неприлики кои се случија на почетокот на годинава.
Владата им излезе во пресрет и на земјоделците кои не беа предвидени во Програмата за субвенционирање, исплаќајќи им обесштетувања за загубите од поплавите и болеста син јазик. За угинатите грла беа поделени по 4.000 денари или вкупно 55.284.000 денари, додека за штети од поплавите досега се исплатени околу 278 милиони денари на 2.512 лица. Исплатата продолжува со доставување податоци од општинските комисии за проценка на штети.
Лицемерието и неискреноста се второто име на СДСМ.
Граѓаните, а особено земјоделците во Македонија знаат кој бил, е и ќе биде секогаш зад нив и ќе ги поддржува. Затоа граѓаните ќе ја казнат оваа неискрена и лицемерна политика на СДСМ на 24 априлОливер Спасовски и Фросина Ременски, не гласаа ЗА на седницата на Владата оддржана на 12.11.2015 година, и не ги поддржаа измените на Програмата за

Пронајдете не на следниве мрежи: