Реакција на соопштението на СДСМ што се однесуваше на загадувањето на воздухот

 СДСМ продолжува со несериозниот однос кон проблемот со загадувањето на воздухот.СДСМ беше несериозен кога беше на власт и го игнорираше проблемот, не набави мерни станици и „немаше загадување на воздухот“ бидејќи никој не мереше колку е воздухот загаден.
СДСМ не сакаше да си отвори работа, бидејќи СДСМ не се грижи за загаденоста на воздухот кога има прилика за тоа, туку само кога ќе манипулира со здравјето на граѓаните во битка за мали политички поени.
Да беше СДСМ сериозен неговите министри за животна средина Љубомир Јанев и Зоран Шапуриќ познат како министерот кој потона во малите поплави, ќе преземеа барем една мерка против загадувањето. Такви мерки немаше.
За разлика од нив, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.
Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.
Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици. Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.
Несериозноста на СДСМ за вакви сериозни теми е причината поради која СДСМ губи 9 пати по ред на избори. За само 136 дена на 24 април народот ќе го казни СДСМ по 10-ти пат по ред. Нема бегање од избори, нема бегање од поразот за СДСМ.СДСМ беше несериозен кога беше на власт и го игнорираше проблемот, не набави мерни станици и „немаше загадување на воздухот“ бидејќи ни

Пронајдете не на следниве мрежи: