РЕЦЕПТ ЗА ПРЕЗАФАТЕНИ ДАМИ – ТОРТА КОЈА НЕ СЕ ПЕЧЕ

Ако чекате гости а сеуште не сте направиле десерт, сакате да ги изненадите со нешто ново и необично, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас!Потребни состојки:
 100 г мусли
150 г путер
50 г корнфлекс
3 супени лажици + 50 г + 1 кафена лажичка шеќер
50 г кокос
10 листови желатин
250 г Милерам
250 г кондензирано млеко
3 нектарини (праски со мазна кора) или друго овошје по желба
300 мл овошен сок
300 г грчки јогурт
Постапка:
 Во растопениот путер додадете: мусли, корнфлекс, 3 лажици шеќер, кокос па убаво промешајте.
 Помеѓу два листа мрсна хартија ставете 3-4 лажици од смесата, па развијте ваљак со дебелина 7 мм (за околу калапот), а остатокот ставете го во калап, притиснете со прстите и изладете во фрижидер, околу 30 минути.
Кондензираното млеко сварете го заедно со Милерам, овошен сок и 50 г шеќер. Тргнете од оган па додадете 9 исцедени листови желатин.
Две нектарини исчистете, исечете на парчиња и измиксајте ги со лажичка шеќер, па додедете го последниот лист желатин. Штом почне да згуснува додадете го јогуртот.
Кората филувајте ја со половина млечен и овошен крем, прошарете со вилјушка, распоредете го остатокот од кремот, и изладете 4 часа пред сервирање.
 Тортата украсете ја со сечкано овошје.Потребни состојки:
 100 г мусли
150 г путер
50 г корнфлекс
3 супени лажици + 50 г + 1 кафена лажичка шеќер

Пронајдете не на следниве мрежи: