Рекорден нето приход од 329 милиони евра, и покрај ниските референтни рафинериски маржи за 25%

Loading...

 Групацијата Хеленик Петролеум ги објави своите резултати за фискалната 2016 година (FY1), во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (IFRS)Во 2016 година, Групацијата постигна значително повисока профитабилност, втора година по ред, по загубите во 2013 и 2014 година, и покрај падот на референтните рафинериски маржи од 25% и со тоа забележува најдобри резултати досега. Пријавената ЕБИТДА изнесува 836 милиони евра додека нето добивката изнесува 329 милиони евра, наспроти нето добивката од 45 милиони евра остварена во 2015 година и 329 милиони евра остварена во 2014 година. Прилагодените резултати, не сметајќи го ефектот од 102 милиони евра добивка од залихи, поради зајакнување на меѓународните цени на нафтата, се задржаа втора година по ред на рекордно високо ниво со прилагодената ЕБИТДА од 731 милиони  евра и прилагодениот нето приход од 265 милиони евра, наспроти загубата од 117 милиони евра во 2013 година и маргинална добивка од 2 милиони евра во 2014 година.
Рекордно високо ниво на производството и извозот
Рафинериите од Групацијата објавија раст од 16% на производството во 2016 година, од 14.8 милиони МТ, што е најдобар резултат досега, при што во целост беа искористени високата достапност на постројките и суровата нафта, надминувајќи ги референтните маржи. Извозот достигна историски високо ниво од 8.6 милиони МТ, што претставува 56% од вкупната продажба. Сите активности на Групацијата забележаа позитивни резултати, при што петрохемијата го зголеми својот придонес на 100 милиони евра, исто така со поголема продажба. Прилагодената ЕБИТДА за пласман на горивата изнесуваше 100 милиони евра, додека повеќето од нашите подружници го зголемија своето учество на соодветните пазари.
Посилна финансиска состојба, намалување на каматните трошоци и подобар паричен тек
Во текот на 2016 година, Групацијата втора година по ред постигна подобри парични текови (Прилагодена ЕБИТДА – Capex)  во износ од 605 милиони евра, што е повеќе за разлика од 2015 година (593 милиони евра) и значително повеќе од 2014 година (281 милиони евра) и 2013 година (66 милиони евра), дополнително подобрувајќи и намалувајќи го ризикот на биланс на состојба на Групацијата.
Силните оперативни парични текови и подобрената позиција на Групацијата на финансиските пазари, што следеше по успешното преговарање и усогласување на финансиските показатели и должнички одговорности во еврообврзници и банкарски инструменти, овозможија намалување на бруто-долгот за 389 милиони евра, додека истиот изнесуваше 2.842 милиони евра во 2016 година, што и донесе очигледна корист на Групацијата, а сето ова е потврдено преку успешното издавање на нова 5-годишна еврообврзница во износ од 375 милиони евра, со купон од 4,875%.
Исто така, подобрената ликвидност во комбинација со договорите за директно снабдување од националните нафтени компании од Русија, Иран, Ирак, Саудиска Арабија и Египет, овозможија искористување на можности кои што се укажаа во поглед на цената на сурова нафта на подрачјето на Медитеранот, со значителни придобивки за Групацијата што се однесува до нејзините финансиски резултати, работење и безбедност во снабдувањето.
По подобрување на структурата на билансот на состојба, вкупниот капитал е зголемен за 352 милиони евра, на 2.142 милиони евра. Во 2016 година нето долгот изнесуваше 1.759 милиони евра, со показател на задолженост од 45%, и искористен капитал во вредност од 3.903 милиони евра, одразувајќи подобрена структурата на билансот на состојба.
Зголемување на пазарниот удел на домашниот пазар, и покрај маргинално намалување на побарувачката
Побарувачката на домашните горива беше маргинално повисока за 0,26% во 2016 година (потрошувачката на горива за патен сообраќај пониска за 0,81%, наспроти морскиот и воздухопловен пазар повисоки за 0,91%), што изнесува 10.424 илјади МТ, наспроти 10.451 илјади МТ во 2015 година.
Вкупниот обем на продажбата на горива на домашниот пазар  се зголеми за 7,8%, на 3.538 илјади МТ; пазарниот удел исто така беше повисок за сите производи, движејќи се помеѓу 0,3% и 8,1%, со вкупно зголемување од 2,4%. Развојот на малопродажната мрежа која ја контролира компанијата беше исто така значаен во 2016 година, каде што ЕКО и BP се пробија на пазарот, позиционирајќи ја високо вредност на своите производите и услугите.
Клучни стратешки случувања
Во контекст на меѓународната тендерска процедура, Хеленик Петролеум беше прогласен како најповолен понудувач за добивање права за истражување и експлоатација на јаглеводороди во крајбрежјето “блок 10” во областа на заливот Кипарисиа (Kyparissia Gulf).
Во однос на продажбата на 66% од акционерскиот капитал на DESFA на SOCAR, не дојде до трансакција. Групацијата во соработка со HRADF ќе ги процени нивните следни чекори.
Исто така, по тендерската процедура спроведена од страна на RАЕ во декември 2016 година за изградба на PV проекти со вкупен капацитет од 40 MW, Групацијата поднесе успешни понуди за сите 3 проекти, со вкупна инсталирана моќност од 8,6 MW. Групацијата ќе продолжи со реализација на овие проекти во следните неколку месеци.
Распределба на дивиденда
Врз основа на позитивните резултати во 2016 година и подобрување на финансиската позиција на Групацијата, Одборот на директори на Хеленик Петролеум одлучи да му предложи на AGM дистрибуција од 0,20 евра по акција.
Резултати во четвртиот квартал за 2016 (4Q16) – клучни случувања
Зајакнување на цената на суровата нафта
Одлуката на OPEC да го намали производството и извозот на сурова нафта доведе до зајакнување на меѓународните цени на суровата нафта, со Brent просек од 51 долар по барел, што е највисока од 3Q15.
Поинтензивниот план за одржување на рафинеријата во 4Q16 влијаеше на рамнотежата помеѓу понудата и побарувачката за производите, што доведе до зајакнување на клучните разлики во цените на суровата нафта и производите, на тој начин поддржувајќи ги Med референтните  рафинериски маржи, каде FCC изнесува во просек 5,4 долари по барел наспроти 4,7 долари по барел во  4Q15, а Hydrocrаcking 5,5 долари по барел наспроти 6,6 долари по барел минатата година. Во однос на 2016 година, двете клучни референтни маржи изнесуваа 5.0 долари по барел што е за 1,5 долари по барел (или -25%) пониско во однос на 2015 година.
Резултати во четвртиот квартал на 2016  година (4Q16)
Прилагодената ЕБИТДА изнесуваше 215 милиони евра (+17%), додека прилагодениот нето приход изнесуваше 82 милиони евра (+27%). Поголемиот рафинериски придонес на сметка на оперативните резултати и посилните рафинериски маржи, како и подобрените резултати постигнати од петрохемијата и маркетингот беа клучниот двигател на резултатите. Солунската рафинерија безбедно и успешно ја заврши планираната 4-неделна целосна програма за одржување, во согласност со распоредот. Рафинеријата повторно почна со работа во текот на 4Q16, со подобрен финансиски придонес.
На објавените резултати значително позитивно влијание имаше и добивката од залихите во вредност од 82 милиони евра, како резултат на зајакнување на цените на сурова нафта и нето приходот од 145 милиони евра, од договорот за надомест од осигурување на Хеленик Петролеум, во врска со пост-оперативните прашања на flexicoker постројката во рафинеријата Елефсина за периодот од 2013-14 година.
Групацијата забележа уште еден квартал со добар паричен тек, со оперативни парични текови (прилагодена ЕБИТДА-Capex) во вредност од 171 милиони евра, што овозможува одржување на процесот на смалување на ризикот на биланс на состојба.
Клучни моменти и придонес за секоја од главните деловни единици во 4Q16 беа:
РАФИНИРАЊЕ, СНАБДУВАЊЕ И ТРГОВИЈА

Рафинирање, Снабдување и Трговија во 4Q16, Прилагодена ЕБИТДА во износ од 169 милиони евра.

Производството изнесуваше 3,7 милиони тони, како резултат на ниската искористеност на рафинеријата во Солун, поради одржување, со удел на бели деривати од 84%.

Извозот изнесуваше 2 милиони МТ, што е малку пониско споредено со минатата година, и изнесува 53% од вкупната продажба од 3,8 милиони MT.

ПЕТРОХЕМИЈА

И покрај слабите PP референтни маржи, профитабилноста на петрохемијата е одржана на високо ниво со прилагодена ЕБИТДА во износ од 25 милиони евра, при што продажбата беше поголема за 8%, односно 64 илјади тони.

МАРКЕТИНГ

Прилагодената ЕБИТДА од маркетингот во 4Q16 изнесуваше 20 милиони евра наспроти 17 милиони евра од претходната година (+ 17%).

Добивките од пазарниот удел беа клучен двигател за профитабилност на домашниот пазар со прилагодена ЕБИТДА од 9 милиони евра.

На меѓународниот маркетинг влијаеа ниските маржи во Бугарија и Србија, со прилагодена ЕБИТДА од 11 милиони евра.

ПОВРЗАНИ КОМПАНИИ

Придонесот на DEPA Групацијата во консолидираниот нето приходот изнесуваше 15 милиони евра како резултат на значајното зголемување на побарувачката на генератори на електрична енергија кои работат на гориво, како и заради временските услови.

ЕБИТДА на Elpedison во износ од 11 милиони евра во 4Q16.

Клучните консолидирани финансиски индикатори (изготвени во согласност со IFRS) за 4Q16 се прикажани подолу:

 
Основана во 1998 година, Хеленик Петролеум претставува една од водечките енергетски групи во Југоисточна Европа, со активности кои го покриваат целокупниот енергетски ланец во 6 земји.Во 2016 година, Групацијата постигна значително повисока профитабилност, вто

loading...
Loading...