среда, 25 ноември 2026
Најново

Рокот за поднесување барања за субвенции за млеко до 30 јуни

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април е до денеска, како и од 25 јуни до 30 јуни.Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар, а барањата се поднесуваат електронски во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
До денеска, како и од 25 јуни до 30 јуни завршува и рокот за поднесување барања за субвенции за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од јануари до април. Висината на субвенцијата е 100 денари, а барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта. Образецот за поднесување на барањата и потребната документација може да подигне во Агенцијата или да се превземе од веб страната: www.ipardpa.gov.mk.
Од Агенцијата потсетуваат дека рокот за поднесување барање за мерките по површина и грло добиток завршува на 30 јуни.Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар, а барањата се поднесуваат електронски во подрачните единици на Министерството за земјоделство,

Поврзани вести