СДСМ додека беше на власт го одбра најлесниот начин за справување со загадувањето – ќе го игнорираме и нема да постои

СДСМ упорно избегнува да одговори зошто во нивно време не беа поставени ниту мерни станици за мерење на загаденоста на воздухот.СДСМ додека беше на власт го одбра најлесниот начин за справување со загадувањето – ќе го игнорираме и нема да постои. Затоа немаше загадување, бидејќи не беше мерено.
Ако СДСМ го мереше загадувањето ќе требаше да преземе нешто. А преземањето конкретни мерки не е одлика на СДСМ.
Затоа СДСМ не може да наброи еден проект на Љубомир Јанев и Зоран Шапуриќ познат како министерот кој потона во малите поплави, луѓе кои служеа како нивни министри за животна средина.
За разлика од СДСМ, владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.
Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли.
Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.
Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици.
Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.
СДСМ упорно сака да зборува лицемерно за загадувањето на воздухот за кој не преземаа ништо во свое време. Ова СДСМ го прави секогаш кога има мизерен рејтинг, кога е фатен на дело како се обидува да спроведе тоталитаризам во медиумите и кога нивните економски експерти со вечерно школо кај Вицето се нокаутирани од банките.
Ваквите манипулаторски обиди на СДСМ нема да пројдат. За 138 дена доаѓа казната од народот. На 24 април СДСМ ќе биде поразен десеттипат по ред.СДСМ додека беше на власт го одбра најлесниот начин за справување со загадувањето – ќе го игнорираме и нема да постои. Затоа немаше зага

Пронајдете не на следниве мрежи: