СДСМ гласаше против модернизацијата на одбраната на Република Македонија

Реакција на прес конференцијата на Максим Димитриевски.СДСМ гласаше против модернизацијата на одбраната на Република Македонија. На седницата на парламентот на која беа нужни гласовите на опозицијата за да се изгласа ослободување од ДДВ и цариина за набавка на опрема за армијата, СДСМ одлучи уште еднаш да се води од сопствените комплекси, ставајќи се себеси повторно пред интересот на Република Македонија.
Квалитетот на одбраната беше жртва на фрустрациите и деструкцијата на СДСМ. Наместо да покаже државничко однесување, СДСМ на срамен начин ја стави државата во опасност и демонстрираше незамислива неодговорност.
Максим Димитриевски и СДСМ можат бескрајно да се обидуваат со ноторни лаги и чисти измислици од нивните фабрики за афери да го покријат ваквото срамно и неодговорно однесување на СДСМ, меѓутоа и сто пати да ги кажат нивните лаги, тие е невозможно да станат вистина.
Максим Димитриевски и СДСМ сакаат граѓаните на Македонија да немаат ни краткотрајна меморија, но граѓаните не заборавиле на ваквото срамно антидржавно однесување на СДСМ од пред само неколку месеци.
Граѓаните не заборавија и дека СДСМ во екот на најголемата мигрантска криза преку своите невладини платеници повика да се сруши оградата на јужната граница и сакаше да ја преплави Македонија со мигранти. Граѓаните паметат и дека СДСМ се сликаше и ликуваше додека Македонија беше нападната во Диво Насеље.
СДСМ воопшто не се грижи за интересот на Република Македонија и нејзините бранители. СДСМ се грижи само за спроведување на деструктивните сценарија кои и штетат на државата.
Затоа СДСМ веќе 11 години има строга забрана од граѓаните да се доближи до власта. Казната за деструктивното и срамно антидржавно однесување на СДСМ ќе биде најжестока на наредните избори, кога СДСМ ќе собере храброст да се појави очи во очи со граѓаните на Република Македонија.
 СДСМ гласаше против модернизацијата на одбраната на Република Македонија. На седницата на парламентот на која беа нужни гласовите н

Пронајдете не на следниве мрежи: