СДСМ и понатаму продолжува да ја манипулира и вознемирува јавноста

СДСМ и понатаму продолжува да ја манипулира и вознемирува јавноста, во обид да добие ситни политички поени на дневна база користејќи ја маката со која се соочуват сточарите, без ни малку грижа за нив.
 
 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство   и Агенцијата за храна и ветеринарство напорно и континуирано работат на спречување на ширењето на болеста „Јазлеста кожа“ кај говедата .
Работејќи во согласност со протоколите на ОИЕ- Светската здравствена организација за здравствена заштита на животните сите итни и неопходни  физичко- технички мерки, во смисла на изолирање на болните животни, нивното не штетно отстранување, поставување на бариери за дезинфецкија и формирање на заштитни зони беа веднаш превзменеи и беше спречено неконтролирано ширење на болеста.
Самиот факт што болеста откако се појави во одреден дел на државата, Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство навремено преземајќи ги сите неопходни мерки успеа навремено да го спречи ширењето на болеста и да интервенира, што е доволен доказ дека институциите на Република Македонија функционираат професионално и во пресрет на сточарите.
Првата доза на 50 илјади вакцини со кои итно се вршеше вакцинација во жариштата го даде очекуваниот ефект, а од денес веќе почна и превентивната вакцинација  на секое говедо на територијата на цела Република Македонија  со ветените и обезбедени нови 250 илјади дози на вакцината .
Споредбата со соседна Србија и тамошните надлежни институции е апсолутно неприфатлива и неосонована поради тоа што кај одговорните во српските служби направен е пропуст и не превземање на соодветните физичко-технички мерки за спречување на неконтролирано ширење на болеста, што повторно не е случај кај нас.
Институциите на Република Србија и официјално бараат помош од македонските власти, односно од Агенцијата за храна и ветеринарство  бараат стручно-техничка помош и помош за набавување на вакцините со цел спречување на ширење на болеста.
СДСМ наместо да ја злоупотребува маката на сточарите, треба да им понуди некое решение, но тоа никогаш не се случило и нема да се случи. СДСМ во нивно време на сточарите им нудеше и создаваше само проблеми, а очигледно праксата да ги користи за дневно политички препирки при тоа не нудејќи им решенија ја практикуваат и денес. Дека на кадрите на СДСМ воопшто не им е гајле за сточарите имавме прилика да видиме и додека имаа свој претставник во Министерството.
Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и понатаму остануваат фокусирани на напорот за справување со болеста од која што стравува цела Европа и апелираме дека нема простор за паника.  
Со почит,
Агенција за храна и ветеринарство.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство   и Агенцијата за храна и ветеринарство напорно и континуирано работ

Пронајдете не на следниве мрежи: