СДСМ свесно во чин на финансиски тероризам и нанесе директна штета на Македонија од 25 милиони евра

Реакција на соопштението на СДСМ на тема финансии. 
СДСМ свесно и тенденциозно во чин на финансиски тероризам и нанесе директна штета на Република Македонија од 25 милиони евра.
Очајни се обидите на СДСМ да ја замајува јавноста со конструкции и измислици од нивните фабрики за афери, за да го оттргне вниманието од нивниот срамен и антидржавен акт на финансиски тероризам.
СДСМ се води по логиката „што полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“. Затоа СДСМ бесрамно одлучи со сите сили преку манипулации и притисоци до светските финансиски институции да создаде вештачка паника која директно се одразува на угледот на земјата.
Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено поради деструктивното делување на Заев и СДСМ, до второто издавање е најдиректна заслуга само на финансиските терористи СДСМ.
Во иста таква вештачки креирана паника со лаги за наводна девалвација на денарот, финансиските терористи од СДСМ на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев свесно креираа паника и натераа граѓани, без постоење на објективни причини, да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни средства на име на камати.
Штетата која ја плаќаат граѓаните на Република Македонија е поради антидржавното делување на СДСМ и обидите за нарушувањето на финансиската стабилност и финансиските текови во Република Македонија.
Аболицираниот криминалец Заев и СДСМ се грижат само за личното збогатување и за нарушување на угледот и одржување на кризата во Република Македонија, бидејќи само во таква состојба СДСМ е некаков фактор.
Интересот за издадената еврообврзница е уште еден доказ од најголемите светски финансиски институции дека Заев и СДСМ лажат со единствена цел да и наштетат на Република Македонија.
Граѓаните тоа добро го знаат и затоа не му дозволуваат на СДСМ да се доближи до власта. Заев и СДСМ ќе одговараат пред народот за сите штети кои свесно и ги нанесуваат на државата. Сметката ќе им биде испорачана на изборите.
  
СДСМ свесно и тенденциозно во чин на финансиски тероризам и нанесе директна штета на Република Македонија од 25 милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: