СДСМ уште еднаш мака мачи со читање на статистика. Бројките не се пријатели на СДСМ веќе 10 години

Стотици илјади иселени од Македонија во последните девет години има само во соопштенијата на СДСМ и бројките кои ги пресметуваат по методот на Вице – едно бројче пиши, уште едно за Вице додај.Според податоците на Светска Банка во последните 9 години кога е актуелна и визната либерализација бројот на иселени е петоцифрен. И милион пати да ја потворат бројката од СДСМ, пак нема да стане вистина. СДСМ сака да не убеди дека во нивно време Македонија имала 15 милиони жители, а сега останаа само 2 милиони.
СДСМ волјата на младите ја скенира анкетирајќи ги сопствените дополнителни заменици министри Кирацовски и Николовски кои се редовни посетители на семинарите на партискиот пријател „Фридрих и Еберт“. За СДСМ ако Кирацовски и Николовски речат дека сакаат да се иселат од Македонија, тоа се 50% од младите. Измисли си приказна, анкетирај си ги своите вработени дополнителни заменици министри и верувај си на лагите кои си ги измислил. Бурлеска која е вообичаена пракса на Бихаќка.
Уште малку бројки, најголемиот непријател на СДСМ:
-200.000 луѓе на улица исфрли СДСМ
-700 индустриски капацитети затвори СДСМ
-стотици милиони евра долг во Македонија остави СДСМ
-НУЛА странски инвестиции реализираше СДСМ
-девет пати по ред на избори губи СДСМ
-30% пад на рејтингот за четири месеци има лидерот на СДСМ
За разлика од нив:
-140.000 нови работни места отвори ВМРО-ДПМНЕ
-50-тина нови странски инвестиции во земјава влегоа благодарение на ВМРО-ДПМНЕ
-речиси 11.000 млади се вработија преку проектот „Македонија вработува“
-стотици милиони евра за кредити и камати земени од СДСМ ги исплаќа владата на ВМРО-ДПМНЕ
-девет пати по ред на избори победува ВМРО-ДПМНЕ
-24:12 е соодносот на сили во корист на ВМРО-ДПМНЕ според сите анкети и со тренд на зголемување на разликата
Последната бројка која е важна за СДСМ е 139. Толку денови има до крајот на ваквиот деструктивен манипулаторски СДСМ. На 24 април по десетти пат народот ќе го казни СДСМ.Според податоците на Светска Банка во последните 9 години кога е актуелна и визната либерализација бројот на иселени е петоцифрен. И мили

Пронајдете не на следниве мрежи: