СДСМ во својот отчет има само една отворена Фабрика за афери

СДСМ во својот отчет има само една отворена Фабрика за афери и една менувачница по специфичен курс – таа на Вицето, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Затоа СДСМ не промовира отчет туку промовира очај. Не може да прифати дека Македонија оди напред, далеку од пустошот во кој ја остави.
Во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како никогаш досега во Република Македонија се инвестира во патната и железничката инфраструктура, во развој на авиосообраќајот, посветено се работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку цврста станбена политика и преку инвестиции во комуналната инфраструктура.
Во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ се вложува преку една милијарда евра само во изградба на патната инфраструктура, а се работи и на изградба на железница кон Бугарија и уште една пруга кон Грција, инвестиции од над половина милијарда евра. Во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ се реконструираат железнички станици, се набавуваат возови и вагони, бесплатно се возат пензионери, млади, студенти и ученици.
Во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ се реконструираа двата аеродроми, се зголеми бројот на патници, дестинации и компании кои се поврзуваат со Македонија – од октомври тоа ќе го стори и светски познатата авиокомпанија Катар Ервејс.
Во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ се градат водоводни и канализациони системи во 30 општини, се изградија 678 станови за ранливи категории граѓани, а градењето продолжува со стотици нови станови годинава.
Во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ се легализираа околу 147 000 објекти, за социјално ранливите граѓани има бесплатна изработка на геодетски елаборат за легализација на нивните домови, се овозможи секој човек да може да врши надградба на својата куќа во максимална висина до 10 метри и 20 сантимeтри и во случај ако надградбата на објектот не е предвидена во планската документација.Затоа СДСМ не промовира отчет туку промовира очај. Не може да прифати дека Македонија оди напред, далеку од пустошот во кој ја остави.
Во в

Пронајдете не на следниве мрежи: