Се готви ли терен промената на името да помине без референдум. Серија спротивставени ставови меѓу партнерите во власта како начин за надминување на деценискиот проблем кој го блокира македонскиот евро-атлански пат. Идејата Собранието, а не директно граѓаните преку референдум да решаваат за евентуално решение за името прв ја протна вицепремиерот Бујар Османи. Тој во една дебатна емисија рече дека Собранието има капацитет да донесе одлука за името бидејќи пратениците го имаат легитимитетот кој од граѓаните го добиле на последните избори.
„На овие избори ние го најавивме решавањето на името. Зар не беа референдум овие избори? Граѓаните ни ја дадоа пораката, вие сте храбри, имате јасна визија каде треба да ја водите државата во наредните години“, изјави Османи во интервју за телевизијата АлсатМ.
Следеше бурна реакција на јавноста по што Османи ретерираше и на социјалните мрежи објаснуваше дека не бил добро разбран и дека името ќе се решава на референдум.
И Талат Џафери излезе со реши си идентичен став како и Османи.
“Мислам дека Собранието го има потребниот капацитет ако има политичка волја кај субјектите кои го сочинуваат парламентарното мнозинство, поради фактот што тоа е стратешка определба изразена како волја на граѓаните уште од деведесеттите години, 93-94 кога е усвоена првата резолуција на Парламентот во насока на определбата на државните институции за евроатланска интеграција и имајќи го предвид фактот дека поддршката на граѓаните континуирано е над 75%-80% за евроинтегративните процеси, мислам дека тоа е мотив можност Парламентот во името на граѓаните како носител на сувереноста на граѓаните, изразено на избори, со перцепцијата која ја имаат граѓаните, мислам дека дале целосен легитимитет на Собранието во има на граѓаните да одлучи и за ова прашање“ изјави Џафери.
Му опонираше министерот за надворешни работи, Никола Димитров кој уште еднаш го потврди оној познат став а сите политички гарнитури дека решението за името може да се најде само преку референдум.
Во меѓувреме, дел од експертската јавност но и одредени новинари кои важат за исклучително блиски до актуелната власт преку колумни и јавни настапи, повторно ја протнуваат идејата за решение на името без референдум, „предупредувајќи“ дека на тој начин ќе се забрза процесот и нема да се ризикува граѓаните да излезат со став дека се против друго име за државата.
Експертите за односи со јавност велат дека власта на оваа тема свесно креира две различни позиции и сондира и пресметува какви би биле резултатите доколку за името не се организира референдум. Во нивниот жаргон, се пуштаат пробни балони и се одмеруваат реакциите на граѓаните. Според нив, не случајно изјавите доаѓаат од функционерите од албанскиот политички блок, бидејќи тие, за нив не носат никаква политичка штета, со оглед на тоа што нивните гласачи во најголем дел не чувствуваат ништо кога станува збор за уставното име на Македонија. Од друга страна, тука се политичарите од македонскиот политички блок, поточно оние од таборот на СДСМ кои редовно на изјавите на нивниот коалиционен партнер излегуваат со демант, потенцирајќи дека името ќе се решава на референдум.Но од денеска и политичари во македонскиот политички блок почнуваат со барања за промена на името без референдум, што според познавачите на состојбите е мало интензивирање на целиот процес и ново сондирање на јавното мислење. Во таа насока е и денешната изјава на Павле Трајанов од Демократскиот сојуз кој исто како и Џафери и Османи побара името да се реши во Собранието а референдумот да организираме чист консултативно, односно тој да нема никакво значење.
Експертите велат дека не случајно е избран Павле Трајанов кој е „тазе член“ на новата коалиција и кој неодамна си доби работно место во Владата. Тие велат дека и тој како и албанските политички партии не може политички да загуби со давање вакви изјави бидејќи неговиот Демократски сојуз воопшто и нема гласачко тело кое што би можело да биде разочарано.
Последниот став кој го соопшти Владата беше дека за евентуален предлог за решение за името ќе се организира референдум. За да биде успешен, потребно е на него да излезат над 900.000 гласачи а половина од нив да гласаат ЗА.
Имајќи ги предвид резултатите од последните избори, без гласачите на ВМРО-ДПМНЕ тешко е да се верува дека референдумот ќе биде успешен. Оттука, познавачите на состојбите велат дека од тоа најверојатно ќе зависи и дали референдумот воопшто ќе се организира. Според нив, ако се направи договор со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе гарантира дека нема да го бојкотира референдумот, можно е тој да биде организиран. Во спротивно, со евентуална одлука на ВМРО-ДПМНЕ да го повика членството да не излезе на гласање извесно е дека референдумот ќе пропадне што го става под знак прашалник и неговото организирање.
Бојкот на референдум не е новост на македонската политичка сцена. Токму сегашната власт го бојкотираше референдумот за територијалната поделба и тоа во време додека раководеше со Владата. Тогаш СДСМ водејќи кампања под наслов „Некои прашања не заслужуваат одговор“ успеа да го направи референдумот неуспешен бидејќи на него не излегоа повеќе од 50% од вкупниот број на запишани гласачи на единствениот избирачки список, со што се сменија границите на многу општини во Македонија.Идејата Собранието, а не директно граѓаните преку референдум да решаваат за евентуално решение за името прв ја протна вицепремиерот Бујар Осма



