Сега им е сезоната: БРЗ КОЛАЧ од сливи!

Направете си брз колач од сливи!Состојки:
320 гр брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 лажичка ванила паста или 1 кесичка ванила
100 мл масло
250 мл кефир или јогурт
120 гр шеќер
3 јајца
околу 15 сливи
шеќер во прав со мирис на ванила
Начин на подготовка:

 
1. Во еден поголем сад ставете го брашното заедно со прашокот за пециво и додадете го шеќерот и сето тоа измешајте го со жица.
Во друг помал сад, ставете ги јајцата, додадете го маслото, јогуртот и ванилата и изматете со жица да се соедини.
Сите суви состојки додадете ги во мокрите и само со жица за матење измешајте ги додека се не се соедини.
2. Мало тавче со големина 32см х 20см прекријте го со хартија за печење и истурете го тестото.
Измиените сливи (може да користите и праски), преполовете ги, извадете им ги семките и наредете ги преку тестото, ако сакате можете да ги подбутнете подолу во тестото кое е густо и сливите нема да можат да паднат сосема на дното.
3. Печете во претходно загреана рерна на 180 С околу 45 минути, колачот треба да порумени одозгора но не премногу. Пробајте со чепкалка дали е печено, ако чепкалката е сува тогаш колачот е печен.
4. Извадете го од рерна и оставете кратко да се олади, извадете го заедно со хартијата за печење и ставете го на решетка за целосно да се олади.
Послужете со кафе или ладен сок. Состојки:
320 гр брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 лажичка ванила паста или 1 кесичка ванила
100

Пронајдете не на следниве мрежи: