Синооките луѓе се единствени

Најново истражување покажува дека сите синооки луѓе имаат заеднички предок. Таа личност живеела пред 6.000 години, и имала генетска мутација која денес се проширила низ цел свет.Кој точно ги „донел” сините очи во Европа, е мистерија, но науката вели дека бојата на очите почнала да се менува доста пред првите историски записи.
Сините очи се последица од мутација на гените. Досега се сметаше дека се работи за генот ОЦА2, кој ја одредува количината на кафеавиот пигмент во очите. Но, новите сознанија говорат дека за тоа е  одговорен друг ген – ХЕРЦ2, што всушност може да „го исклучи“ ОЦА2, поради што очите добиваат сина боја. Со тоа впрочем, секоја синоока личност има иста ДНК мутација.
Се претпоставува дека сините очи се прошириле низ светот преку миграцијата од Африка во Европа. Тоа најдобро објаснува зошто само Европејци имаат сини очи и докажува дека сите синооки луѓе денес имаат заеднички предок.
 
 Кој точно ги „донел” сините очи во Европа, е мистерија, но науката вели дека бојата на очите почнала да се менува доста пред први

Пронајдете не на следниве мрежи: