Славете го животот и ќе имате уште повеќе причини за славење

Нема забава или прослава која не завршува со нешто слатко, торта, колачи или некој од оние нови, неверојатни вкусови и облици на најиновативните кулинарски мајстории.Десертите навистина завземаат посебно место во нашите срца, особено кога тој величенствен вкус ќе го поттикне ендорфинот, тешко е да се замисли дека слатките деликатеси можеме да ги замениме со нешто друго што му причинува таква радост на организмот.
 Рецептот за чоколадна панакота е вистински избор за вљубениците во храната, но едно е сигурно: Колку што е вкусен – толку е и ризичен за вашата линија! Затоа направете го, но и брзо споделете го со најблиските.
 Состојки за 4 порции: 470мл слатка павлака, 200 гр чоколаден крем, пакетче желатин и кршени лешници за украс.
Подготовка: Слатката павлака и чоколадниот крем загрејте ги до точка на вриење. Тргнете ги од оганот, додајте го желатинот и мешајте додека смесата не се соедини. Смесата истурете ја во калапи и оставете ја да се излади. Послужете со грубо сецкани лешници. И… имате фантастичен десерт.
 
 
 
 Десертите навистина завземаат посебно место во нашите срца, особено кога тој величенствен вкус ќе го поттикне ендорфинот, тешко е да се замисли дек

Пронајдете не на следниве мрежи: