„Слободоумните“ протестанти и нивните инспиратори

Кога кон крајот на осумнаесеттиот век, еден новинар го запрашал Виктор Иго (најголемиот противник на изградбата на Ајфеловата кула), кое е неговото идеално место во Париз за испивање на првото утринско кафе? – големиот писател одговорил „На врвот на Ајфеловата кула!“ Зачуден од одговорот, новинарот поставил уште едно дополнително но мошне логично прашање: Зошто баш таму, кога цела Франција знае дека таа кула ја мразите од дното на душата? Иго одговорил: Затоа што единствено од таму нема да ја гледам! Овој тревен 2016 во центарот на Скопје, додека се суши бојата од фасадата на Министерството за култура (онаа која им се затскрила на службите за одржување) по вандалскиот напад на протестантите од понеделникот вечерта, во јавноста се отворија низа културни дилеми за кои секако треба да се разговара.Понесени од еуфоричноста на моментот во кој напредната маса, напредно и авангардно дивееше по улиците на македонската метропола, неколку познати и признати суети од културното милје во земјава, решија да се фатат во костец со својата малодушност и во стилот на Апостолот  Искариотски  да  направат радикален чекор како пресметан влог во својата статусна иднина.
Најпрвин Големиот Манчевски (големата буква е во знак на почит кон неговото дело) од зад барата се обиде да се потури  со пепел барајќи за себе место во разбуричканиот „слободоумен“ табор, наивно надевајќи се дека тие ја заборавиле „диктаторската“ дојка која речиси цела деценија го доеше неговиот неспорен режисерски талент. Катиљ ферманот за Милча, експресно го испорача Геро, искажувајќи му должна почит со  потсетување  на гревовите кои разбуричканите „слободумни“ не му ги проштеваат. Уште еден културен азилант, олицетворен во ликот на Дарко Митревски, не го дочека своето трето полувреме.
Како во смешните, но поучни клипови од предизвикот наречен  Ice Buckuet Chalenge, кофата со студена вода ја стигна и благородната художествена ведета Митревски, кој токму при прескокнувањето на Берлинскиот ѕид со кој е „ограден“ „диктаторскиот“ режим, заборави да ги спомене ситните пари од „дучанчината“ наречени Министерство за култура, Македонска радио телевизија, буџети за рекламни и пропагандни спотови, кои му помогнаат да го премости менталниот јаз од диктатурата кон слободоумноста.
Дури и на Великите художествени величини, како Милчо и Дарко, понекогаш им треба потсетување дека за разлика од скромните  6,661,219 (во евра) вложени во филмската уметност од страна на „слободоумната“ Влада во 2006 година, актуелната „диктаторска“ Влада во 2016 година спроведе терор врз филмските работници со износ во висина 25.211.113 евра издвоен за оваа намена. Ако во оваа насока ги додадеме и ситните  прескокнувања  на „диктаторската“ жица  како оние на слободниот дух на Ирена Ристиќ која со плата од понижувачки 34.000 денари –  гордо, среќно, вдахновено и возбудено играше пред публиката во која седи Премиерот Никола Груевски – лично, обидот за грабеж на околу 700.000 денари за претставата Лерин во режија на Унковски која наводно е одиграна (замислете) на 31 декември, а никогаш не е одиграна, ситните психотични каприци на младата художничка Стерјовска и мрчењето на Довлев кој на своја кожа ги осети финансиските благодети на „режимот“, работите стануваат многу појасни.
„Слободоумните“ протестанти и нивните инспиратори кои се обидоа да ја осквернават зградата на Министерството за култура и да ја обојат во боите на ЛГБТ виножитото, немаат аргументи за критика на културните политики на актуелниот политички моментум. Нивниот учинок во минатото е еднаков на празно множество, исто толку празно колку што е празна и нивната понуда за развојот на културата во иднина. Тоа му е  јасно и на Алаѓозовски и на СДСМ, кои со посредство на  вандалите, се обидуваат да ја ублажат сета фрустрација на својата неуспешност.
Тоа што СДСМ и „Протестантите“ одлучија почитуваниот  ЛГБТ активист Љуми Бекири да биде фундаментот на нивната културна политика, доволно кажува сѐ. Сосема на крајот сакам да се вратам на почетокот од оваа колумна.
Кратковидоста на големиот Виктор Иго не можеше ни да ја претпостави Ајфеловата кула како главен, единствен и најпрепознатлив белег на Франција низ вековите. Оттука, заклучокот околу вандализмот и нецивилизираниот однос насочен кон Порта Македонија, морате да го донесете сами.
Пишува: Александар ДаштевскиПонесени од еуфоричноста на моментот во кој напредната маса, напредно и авангардно дивееше по улиците на македонската метропола, неколку познати и

Пронајдете не на следниве мрежи: