Шницли „ТЕНОК ЏЕБ“

Loading...

Шницли „ТЕНОК ЏЕБ“Овие шницли името го добиле по тоа што од малку месо – добивате многу шницли.
Состојки:
250 гр мелено месо
200 гр ориз
2 главици кромид
2 лажици магдонос
бибер, сол, вегета
за поховање:
3 јајца
брашно
презла
За пржење – масло
Подготовка:
Најпрво сварете го оризот и оставете да се олади.
Кромидот исецкајте го што поситно, па измешајте го со меленото месо. Додадете вегета, сол, бибер и 2 полни лажици магдонос.
Се соединете со оризот и добро замесете.
Обликувајте шницли во форма по желба. Позгодно е да ги поховате во облик на ќебапи.
Извалкајте ги прво во брашно, посолени и разматени јајца, па во презла и пржете на масло. Вадете ги на хартија за во кујна за да се исцедат од маснотијата.
Не ги задржувајте долго шницлите во јајцата, за да не се распаѓаат. Само натопете набрзина и извадете.
Пријатно јадење.

Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети, здрави напитоци, животни искуства и сл. можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК, како и на фан страната на Фејсбук.Овие шницли името го добиле по тоа што од малку месо – добивате многу шницли.
Состојки:
250 гр мелено месо

loading...