СПЛОТЕНОСТ НА ТЕРЕН, разочарување на трибините…

Loading...

Циркуз на трибините, „ВООДУШЕВУВАЊЕ И ГОРДОСТ ДОЛУ НА ТЕРЕНОТ“ благодарение на нашите национални херои. И тоа го видовме, на натпревар на нашата НАЦИОНАЛНА фудбалска репрезентација се скандираа клубски-навивачки песни, за разочарувањето да биде уште поголемо, се пееја неразбирливи песни навредливи за одредени репрезентативци кои се од друга националност, токму тие (рака на срце) го оставаат срцето на теренот за Македонија.
Големо разочарување на дел од трибините на „Националната Арена Филип Втори“, АРЕНА која треба да претставува ХРАМ на сплотеност и ГОРДОСТ за Македонија во секоја смисла на зборот.
Да не навлегуваме за кој фудбалски тим беа наменети клубските-навивачки скандирања. Грубо изгледаше и звучеше да се слушаат клубски-навивачки скандирања на натпревар каде сите треба да сме со едно име – МАКЕДОНИЈА! Настрана клубот, кога се работи за НАЦИОНАЛНАТА репрезентација сите сме заедно.
„ЗАПАДОТ“ во минатото беше гордост, каде вистинските навивачи на Македонската фудбалска репрезентација со гордост го испраќаа големиот борец за Македонија, легендарниот Артим Шаќири, човек кој како „ЧЕЛИК“ застана на нозе и ја заврши УСПЕШНО мисијата за Македонија, и покрај одредени скандирања на национална и верска основа во тек на натпревари на нашата фудбалска репрезентација. Истиот тој фудбалер со огромни аплаузи беше испратен на мечот со Шпанија. Од тука, со право нема да се именува група, бидејќи сеуште некои работи од вчерашниот натпревар не се јасни, црната-дамка (навивањето) од западот не е расчистено, така да нема потреба да се именува сеуште, но главното прашање е: „НА КОГО МУ СМЕТА СПЛОТЕНОСТА ВО НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ТИМ, И НА КОГО МУ ОДГОВАРА СЕТО ТОА ДА СЕ РАСТУРИ КАКО КУЛА ОД КАРТИ?!“.
Во што се состои целината на оваа тажна приказна? Мораме да признаеме, рака на срце, Агим Ибраими, Мухамед Демири, па момциве срцето го оставија долу на теренот, во ниту еден момент не им „ЗАТРЕПЕРИ“ концентрацијата на мечот, и покрај сите груби скандирања, момциве сконцентрирано и со срце на терен одиграа повторно одличен меч за нашата НАЦИОНАЛНА репрезентација по којзнае кој пат веќе по ред, само за илустрација, ова беше ЧЕТВРТИ ПОГОДОК ПО РЕД НА АГИМ ИБРАИМИ ЗА МАКЕДОНИЈА… Зарем тоа не е доволно… Радува тоа што имаме цврсти момци во репрезентацијата како овие претходно-наведени, кои испаднаа и поголеми патриоти од одредени кои што се кријат зад некоја навивачка група, кукавички, што не доликува и нема никаква поврзаност со ТИФО-идејата. Уште по-трагично би било доколку истата таа група што скандираше на национална и верска основа беше составена од мнозинство малолетници, кои очигледно дека сеуште не се ЕДУЦИРАНИ што претставува НАЦИОНАЛНИОТ дрес, дека за Македонија се остава срцето на терен без разлика на национална, верска припадност…
Радува фактот, навистина радува… што огромен број ВИСТИНСКИ љубители на МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ, па и на Македонија општо земено, го видоа напредокот во 21-виот век, видоа и сфатија кои се идоли на младите дечиња во Германија, видоа кој е главен играч на Италијанската фудбалска репрезентација кој ја одведе до финалето на Европското Првенство оваа репрезентација и останати примери кои само ја отсликуваат реалноста на фудбалот, на спортот општо земено… Секоја чест и капата доле за нив, истите на социјалните мрежи со поддршка за Ибраими и Демири, велејќи дека момците кои играат со срце за нашата сакана Македонија не заслужуваат свирежи, напротив, аплауз и ПОЧИТ. Агим Ибраими беше испратен со огромен аплауз (настрана малите свирежи, срамни, очајни, неразбирливи…), на неколку пати се дур не замина во тунелот огромен аплауз беше наменет за новиот „БИСЕР БАЛКАНСКИ“…
Секоја чест и за сите оние спортски новинари, медиуми кои собраа храброст да си ја отворат душата и во своите текстови вметнаа респектабилни анализи кои само потврдија што е потребно во овој момент… Случајно налетавме на текст на порталот „Екипа.мк“, секоја чест за авторот (Никола Ѓуровски), човекот од срце си напишал што му лежи на душата. Некогаш некои луѓе спортското новинарство го сфаќаат како конкуренција еден на друг, но кога станува збор за НАЦИОНАЛНАТА селекција, сите сме заедно… РЕСПЕКТ!
Пишувавме и претходно за атмосферата во Националниот тим, анализи дававме за јавноста, сеуште остана отворено прашањето на ШТО се должи оваа СПЛОТЕНОСТ во НАЦИОНАЛНИОТ тим, дали „клучот на успехот“ е Чеде Јаневски или се должи на општите промени во Фудбалската Федерација на Македонија, сеуште е непознато. Но, мораме сите да признаеме, во нашата НАЦИОНАЛНА фудбалска репрезентација владее одредена СПЛОТЕНОСТ, тимски дух меѓу сите фудбалери без разлика на националност, вера и слично… Момциве заслужуваат еден огромен РЕСПЕКТ.
Имаше многу примери кои ја отсликаа СПЛОТЕНОСТА во НАЦИОНАЛНИОТ тим, еден од нив беше моментот кога се случи замената на мечот Македонија-Хрватска, кога големиот борец за НАЦИОНАЛНАТА репрезентација Величе Шумуликовски беше заменет со Никола Глигоров, кој му даваше аплауз на популарниот „ШУМИ“ и му даде огромна поддршка и покрај неразбирливите свирежи од трибините кон Шумуликовски. Второ, нашиот селектор на прес-конференцијата пред мечот со Србија, за киксот на Богатинов на мечот со Хрватска кратко и јасно изјави „ЈАС СУМ ПРВИОТ ШТО ЌЕ ЗАСТАНЕ ЗАД БОГАТИНОВ…“, КАПАТА ДОЛЕ СЕЛЕКТОРЕ!
И да, зарем може да се заборави моментот кога сите му го препуштија пеналот на Ибраими на мечот со Србија? Општ делириум настана по голот, радост која сеуште трае, всушност можеби и целата приказна започна од таму.
Сепак, мора да се потенцира и промената во играта на Горан Пандев кога станува збор за НАЦИОНАЛНАТА репрезентација, истиот тој играч во минатото не прикажуваше вакви игри, а ги имаше истите играчи кои се и денес негови колеги од репрезентацијата. Многумина тоа го оправдуваа со тоа дека „нема со кого да игра за Македонија“, неразбирливи “експертски“ коментари кои до ден денес не се разјаснати. Истиот тој Пандев денес игра одлично во НАЦИОНАЛНАТА репрезентација, да се надеваме дека тимската игра која во овој момент ја практикува ќе продолжи и понатаму од негова страна, ГОЧЕ, ТАКА СЕ ИГРА ЗА МАКЕДОНИЈА!!!
Сите одиграа добро, на момент и нашата игра изгледаше како „мајтап“ со Данците, им поминуваше топката низ нозе, „им ги виткаа кичмите“, небаре како да играме со последната селекција на рангот на ФИФА, а не против 23-тата СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА ВО ФУДБАЛ! Секоја чест момци!
Вреди да се споменат сите херои… ТОМЕ ПАЧОВСКИ, АЛЕКСАНДАР ТОДОРОВСКИ, БОБАН ГРНЧАРОВ, НИКОЛЧЕ НОВЕВСКИ (КОМАНДАНТ ВО ОДБРАНАТА), АЛЕКСАНДАР ЛАЗЕВСКИ, МУХАМЕД ДЕМИРИ, НИКОЛА ГЛИГОРОВ, ГОРАН ПАНДЕВ, ИВАН ТРИЧКОВСКИ, АГИМ ИБРАИМИ, АДИС ЈАХОВИЌ, МАРТИН БОГАТИНОВ, СТЕФАН РИСТОВСКИ, БОЈАН МАРКОВСКИ, ДАНИЕЛ МОЈСОВ, ОСТОЈА СТЈЕПАНОВИЌ, ДАРКО ТАСЕВСКИ, ПРЕДРАГ РАНЃЕЛОВИЌ, ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ, МИРКО ИВАНОВСКИ, АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ… НА ЧЕЛО СО ЧЕДЕ ЈАНЕВСКИ!
И ДА, ЗА КРАЈ, ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ, ТРИЧКО СЕ ВРАЌА ВО ФОРМА!!!
БЕЛГИЈА МОРА ДА ПАДНЕ!!!
Д.П.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Циркуз на трибините, „ВООДУШЕВУВАЊЕ И ГОРДОСТ ДОЛУ НА ТЕРЕНОТ“ благодарение на нашите национални херои. И тоа го видовме, на натпревар

loading...