четврток, 12 ноември 2026
Најново

СПМ: Катица Јанева сака да го избегне соочувањето со јавноста

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Социјалистичката партија на Македонија смета дека неприсуството на Специјалната јавна обинителка Катица Јанева на собраниската седница на Комисијата за политички систем, на која требаше да се разгледува извештајот за нејзината работа, претставува непочитување на Собранието на Република Македонија и на сите државни институции, како и на Уставот на Државата, што, како што посочуваат од партијата, повлекува одговорност и разрешување.- Современата повеќепартиска демократија не познава таков однос како на  Специјалниот јавен обвинител да избегнува да го образложи Извештајот пред највисокиот законодавен орган во државата од кого е избран. Во Република Македонија сите именувани и избрани лица од Собранието ја носат одговорноста пред народните пратеници во законодавниот дом, а Специјалниот јавен обвинител не може и не смее да биде исклучок, се вели во соопштението од СПМ.
Неприсуството на Јанева, како што посочуваат од партијата, говори за нејзиниот обид да се соочи со пратениците, а преку нив и со македонската јавност, или пак за обид се сокрие непрофесионалното и селективно работење на Специјалното јавно обвинителство.- Современата повеќепартиска демократија не познава таков однос како на  Специјалниот јавен обвинител да избегнува да го образложи Извештајот

Поврзани вести