Калифорниска телевизиска екипа, која се води како исчезната од 2002 година, зад себе оставила видео и приказна за древни рушевини пронајдени под ледот на АнтарктикотПокрај оваа екипа, мисијата ја спроведувала и Морнарицата на САД. Така наведува и археологот и авантурист Џонатан Греј од World Education Research Ltd во најновите вести за археологијата.
Претставник на фирмата рекол дека своевремено „Владата на САД рекла дека ќе го спречи емитувањето на видеото кое го пронашле членовите на Морнарицата на Антарктикот, а кое открива масовно археолошко наоѓалиште 3.200 метри под површината на ледот“.
„Екипата Атлантис Тв која го направила видеото се уште се води како исчезната“, наведува Греј.
Адвокатите на екипата своевремено рекле дека на фирмата ѝ е најважна сигурноста на екипата, но дека ќе се спротивстави на било какви обиди да се цензурира материјалот за кој јавноста очигледно се интересира.
Ледениот континент Антарктик не припаѓа на ниту една нација, истакнале тие. „САД не поседува права на тој простор“.
„Видеото е во сопственост на Атлантис Тв“, рекол претставникот на фирмата. „Ние го снимивме што значи дека е наше, а кога ќе ни се в рати видеото, планираме да го емитуваме. Крај на приказната“.
„Двајца членови на Морнарицата кои го виделе видеото им ја опишале неговата содржина на истражувачите на Државната научна фондација кога се вратиле во станицата Амундсен Скот на јужниот пол“, наведува Греј.
Тие истакнале дека се прикажани спектакуларни рушевини и други работи во кои не смееле да навлегуваат.
Војниците на Морнарската сила на САД за помош на Антарктикот ја негирале приказната и било какво видео кое го снимила исчезнатата екипа Атлантис ТВ.
Извори од Морнарицата рекле дека пронашле видео во напуштена дупка 160 километри западно од станицата Восток.
Многумина сметаат дека на видеото се наоѓа изгубениот град на Антарктикот.
Тим на истражувачи тврди дека открил три древни пирамиди на континентот прекриен со лед. Точните детали се непотполни, но тимот објавил три интегрирани фотографии од своето откритие.
Меѓународниот тим се состоел од истражувачи од САД и неколку европски држави. Две од три огромни пирамидални структури се пронајдени околу 15 километри во внатрешноста, додека третата се наоѓа недалеку од брегот, јасно видлива од океанот.
Истражувачот и археолог Џонатан Греј наведува дека артефактите кои ја претставуваат напредната древна технологија обично се негираат затоа што не се сложуваат со академските верувања, при што доказите се уништуваат или сквернават.
Тој наведува дека државите како Перу, Америка, Израел, Нов Зеланд, Франција и Австралија сокриле бројни докази.
Тој како пример ги навел следните откритија:
Вид стакло од Египет кое може да се свитка како пластика
Проектори користени во египетските храмови со симулација на звук
Артефакти и градби оставени на Месечината
Сaтелитот „Црн Витез“
Древен подземен комплекс откриен во јужна Калифорнија во кој се пронајдени карти на ѕвезди на алуминиумски плочки.
Греј исто така напоменал дека официјалните теории не се сложуваат со работата на Зекари Ситкин кој тврди дека вонземската раса Анунаки ја посетила Земјата, доаѓајќи од планетата Нибиру. Преводите на Ситкин од сумерското клинесто писмо не се поклопуват со установеното размислување, вели Греј.
Џонатан Греј е меѓународен истражувач, археолог и автор кој го пропатувал светот собирајќи податоци за древните мистерии. Во изминатите 37 години, тој посетил многу неистражени места, вклучувајќи ги прашумите на Амазон. Тој исто така има предводено и експедиции на морско дно, но и во оддалечени планини и пустини ширум светот.
Џонатан во текот на своите истражувања наидувал на разни артефакти, кои не би требало да постојат, доколку се придржуваме кон она што не учеле на училиште.
Во неговата книга „Тајната на мртовците“, забележани се повеќе од илјада докази за неверојатните древни технологии, вклучувајќи ги достигнувања кои ги надминуваат и денешните остварувања.
Покрај оваа екипа, мисијата ја спроведувала и Морнарицата на САД. Така наведува и археологот и авантурист Џонатан Греј од World Education Research