ТАЖНА ИСПОВЕД: „Чистам улици и не се жалам. Но, незаслужено добивам шамари, плукања и навреди“

„Имам големо семејство. моите родители уште од мали нозе ме учеа дека не постои работа од која би требало да се срамам, сѐ додека чесно заработувам за леб. Мојот живот не беше како во бајките и никогаш не фантазирав дека ќе успеам. Најважно ми беше да ги прехранам членовите на моето семејство“ – со тага во гласот раскажува Бојан, чија судбина го натерала да работи како чистач на улици.„Немав среќа да се едуцирам, а камоли да помислувам да се запишам на факултет и да се стекнам со диплома“ – продолжува тој.
Испотен од жешкото сонце, исцрпен од прекумерната работа, тој сепак изнаоѓа начин и енергија да се справи со потешкотиите што ги носи неговата работа.
За него не постојат зборовите „не можам“ или „одбивам“. Секоја можна шанса за заработка и дополнителен профит, тој ја зграпчува и не си го дозволува луксузот да одмори.
„Да бидам искрен, не сакам многу да се жалам. Моите ме научија дека е најдобро да се држи јазикот за заби. Жалењето и кукањето на никого не му помагаат. Барем не на мене. Не сум горделив по природа, но сѐ додека сум млад и имам сила, не сакам да молам никого за помош“ – достоинствено раскажува Бојан.
Тој работел и на градилишта, кога температурите кај нас беа рекордно високи и кога граѓаните бегаа да се засолнат од жештините.
Марија добила пари за да ја изгуби невиноста. По неколку дена ја дочекало ВИСТИНСКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ!

„Имав драги колеги работници кои буквално колабираа од жешкото време, но утредента повторно се појавуваа на работа. Подобро е да се работи, отколку човек да се излежува. Но, градилиштето е минато сега. Чистењето улици е полесно“ – раскажува тој.
На прашањето дали некогаш има доживеано непријатна случка, тој срамежливо и исплашено се отвори пред нас.
„Да. И тоа беше еден од понижувачките моменти во мојот живот. Јас, со уште двајца мои колеги и една колешка, чистевме околу една зграда. Како по обичај, зедовме да метеме и пред прагот на дуќаните што се наоѓаат во склоп на зградата. Сѐ беше во ред, додека сопственикот на едниот од дуќаните налутено не излезе и почна да вика по колешката. Таа е постара жена. Зошто му кревала прашина пред дуќанот, дали имала памет. Ја нарекуваше со секакви погрдни имиња. Дојдов за да го смирам, но тој не престануваше. Тогаш ме фати за врат и почна да ме дави и да ми мава шамари. Најмногу ме заболе кога ми рече дека да бев способен, ќе сум завршел факултет и ќе сум работел нормална работа, а не како чистач на улици“ – натажено раскажува Бојан.
Потегот на дуќанџијата го погодил, бидејќи, како што вели тој, не му било толку криво од навредите на агресивниот маж, колку што сметал дека со тоа му била нанесена неправда и удар врз домашното воспитување на родителите.
„Не ми беше гајле што ме давеше. Не ми беше гајле што ме плукна во лицето на крај. Јас не му вратив. Не смееме да враќаме. Ми беше криво што тој човек не знаеше низ какви маки помина моето семејство за да опстане. Имам уште еден брат и две сестри. Се обидувам колку-толку да не почувствуваат толкав товар на нивните грбови. Не заслужуваат. Ако сме чистачи на улици, не значи дека немаме достоинство. не значи дека не треба да нѐ третираат како луѓе“ – заклучува тој.„Немав среќа да се едуцирам, а камоли да помислувам да се запишам на факултет и да се стекнам со диплома“ – продолжува тој.
Исп

Пронајдете не на следниве мрежи: