Трагичен е обидот на СДСМ да ги лаже граѓаните дека Захир Бекири не е нивен член и дека ги поседувал незаконските снимки на Заев без знаење на партијата

Реакција на прес конференцијата на Петре ШилеговПолицијата кај Захир Бекири – Чауш пронајде 70 000 незаконски снимени телефонски разговори, сокриени во душек. Захир Бекири – Чауш кој во моментов одлежува затворска казна, е член на СДСМ, близок на аболицираниот криминалец Зоран Заев кому во секое време му се отворени вратите од неговиот кабинет. СДСМ како заслуга за криминалот на Захир Бекири ја вработи неговата сопруга во партиската фирма Паркинзи на општина Центар.
Медиумите ги открија линковите на Захир Бекири – Чауш со криминалци надвор од границите на Република Македонија, а неговите фотографии со раководството на СДСМ и доказите за криминалот што го правел по партиска наредба станаа видливи за сите граѓани.
Трагичен е обидот на СДСМ да ги лаже граѓаните дека Захир Бекири не е нивен член и дека ги поседувал незаконските снимки на Заев без знаење на партијата.
Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот пријател и сопартиец Захир Бекири – Чауш ќе одговараат за криминалот што го сториле, а СДСМ на претстојните избори во декември ќе ја плати цената за лагите и манипулациите со кои Петре Шилегов се обидува да ја измами јавноста.Полицијата кај Захир Бекири – Чауш пронајде 70 000 незаконски снимени телефонски разговори, сокриени во душек. Захир Бекири – Чауш кој во моментов

Пронајдете не на следниве мрежи: