УМС на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола: Визионерите од СДСМ да не си го губат времето во Битола

Соопштение на УМС на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, како реакција на одржаниот прес на СДСМ во Битола на 27.02.2016 година.Од пред штедилницата ТАТ, Ве потсетуваме на визијата на СДСМ, не само за младите, туку за сите жители на Битола.
Нивните визии се следните:
Проневерени и во неповрат загубени, чесно заработени и заштедени стотици милиони денари. Илјадници граѓани ограбени. Затворени фабрики и родители без работа. Скапо образование достапно само за привилегираните, без државни стипендии и со визни бариери.
Младите кои имаа желба да се занимаваат со земјоделство наместо поддршка, добиваа презир и потсмев. Киното и театарот беа луксуз, а спортските сали и терени или беа руинирани или не постоеја.
Од името на сите наши млади сограѓани им порачуваме на визионерите од СДСМ да не си го губат времето во Битола сеејќи ветер и магла. Во нашиот град поддршка добиваат идеите кои носат конкретни резултати и подобро утре за сите, а најмногу за младите луѓе.
Од пред штедилницата ТАТ, Ве потсетуваме на визијата на СДСМ, не само за младите, туку за сите жители на Битола.
Нивните визии се следните:

Пронајдете не на следниве мрежи: