УМС на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Силна држава е онаа која има силна младина

За силна младина потребна е уште посилна поддршка за младите да застанат на цврсти нозе и да придонесуваат за нашата држава. Во таа насока Владата на Република Македонија продолжува со донесувањето на мерки и реализација на проекти кои значат подобрување и олеснување на животот на младите луѓе.Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, како најголема младинска организација во општина Прилеп ги поздравува најновите проекти кои ги најави Премиерот Никола Груевски.
Од први јануари 2016 година сите редовни студенти од државните универзитети ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии. Мерка што значи поголема мобилност и повисок студентски стандард! По примерот на успешниот проект „Слободен четврток“ со кој студентите имаат можност бесплатно да ги посетуваат културните настани, од први јануари 2016 година истата можност ќе ја имаат и средношколците преку проектот „Средношколска среда“.
Овие проекти се најновите во низата проекти и мерки за подобрување на животот на младите.
Од први јули 2014 година младите до 27 години имаат бесплатен превоз третиот викенд од месецот, како и попуст од 50 проценти за карта за железнички превоз за учениците и студентите, а секој четврток бесплатно патување за студентите. Приоритет на Владата и локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ е вложувањето во образованието на младите. Во таа насока се воведе задолжително, бесплатно средно образование, се изврши реконструкција на училиштните згради, како и бесплатен превоз за средношколците.Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, како најголема младинска организација во општина Прилеп ги поздравува најновите проекти кои ги најави&nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: