ВИДЕО: Како да направите чоколадни корпи за сладолед

Генијална идеа како да послужите сладолед или овошје со прелив на вашите најблиски и вашите пријатели.Потребни состојки:
– 200гр путер
– 300гр кафеав шеќер
– 2 јајца
– 2 лажички екстракт од ванила
– 300гр брашно
– 80гр какао
– 1 лажица пециво
– 200гр чоколада за готвење (исецкана на ситни парчиња)

Подготовка:

Во длабок сад се ставаат путерот и кафеавиот шеќер. Се мешаат.
Се додаваат 2-те јајца и екстрактот од ванила и повторно се меша.
Во истиот сад се додаваат брашното, какаото и пецивото и повторно се меша додека смесата целосно не се соедини.
На крај се додаваат парчињата чоколада и се меси со рака.
Се зема калап за правење мафини и се врти наопаку. Со маргари се премачкуваат калапите но не сите. Смесата се нанесува врз нив и се пече на 180 степени во претходно загреана рерна околу 12 минути.
Откако корпите ќе бидат готови, ставете ги во чинија и во нив ставете сладолед.
Пријатен апетит.
Потребни состојки:
– 200гр путер
– 300гр кафеав шеќер
– 2 јајца
– 2 лажички екстракт од ванила

Пронајдете не на следниве мрежи: