ВИДЕО: Тргнал да ограби ММА убавица. По извесно време МОЛЕЛ за помош!

Двајцата крадци, кои неодамна ја нападнаа Моника Бастос, добро ќе размислат кога нареден пат ќе се обидат да ограбат некого.Не само што не си ја завршија работата добро, туку добија и ќотек. Односно, само едниот од нив добил ќотек, бидејќи другиот избегал и плус подоцна биле уапсени.
Но, тие не знаеле дека се обиделе да ограбат „било која девојка“, туку добро истренираната џиу-џицу и ММА натпреварувачка, Моника Бастос.
„Се враќав од тренинг кога двајца мажи ме нападнаа“ – раскажала Моника за бразилските медиуми. Нападот се случил во местото Асаиландија.
„Се обидов да го сочувам телефонот, но едниот од нив ми го украде. Набрзо сфатив дека не се наоружани, па најпрво им го попречив патот со предното тркало од моторот и двајцата паднаа на земја. Момчето што ми го украде телефонот тргна да бега, но успеав да го фатам другиот“.

И тоа како го фатила. Како змија што фаќа жаба!
Тоа беше вистинска глетка. Снимката од безпомошниот крадец кој кука и плаче како дете, додека со прецизни потези го дави оваа бестрашна девојка, го обиколи светот. Таа го држела петнаесетина минути, сѐ додека не дошла полицијата да го спаси од маките.
„Ова не ми е прв пат. Веќе неколку пати се обидоа да ме ограбат, а ова е втор пат да возвратам. Понекогаш е ризично, бидејќи разбојниците последниот пат имаа ножеви. Но, го искористив знаењето од тренингот и ги избркав“ – рекла Моника.
Не само што не си ја завршија работата добро, туку добија и ќотек. Односно, само едниот од нив добил ќотек, бидејќи другиот избегал и плус подоцна

Пронајдете не на следниве мрежи: