Викендов во Дојран се одржа првата самостоја изложба со наслов “Сеќавања” на , Сотир Хаџи-Николов, вооедно и трет настан од манифестацијата, Дојран град на културата.Со почеток во 20.15 часот во просториите на галеријата во Стар Дојран започна изложбата каде што беа изложени петнаесетина дела кои Хаџи-Николов ги изработуваше изминатиов период.
Сотир е млад уметник од Гевгелија и има учествувано на неколку групни изложби во и надвор од границите на Македонија. Своето основно и средно образование ги заврши во своето родно место,а потоа своето образование го продолжил на универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје.
– “Огромна благодарност до министерството за Култура на РМ и Општина Дојран за реализација на настанот и воопшто на вложувањето за развивање на културата во Дојран – Изјави, Хаџи – Николов.
– Тој додаде дека поддршката пред се од Општината и министерството се голем поттик да продолжи да работи и да создава дела кои ќе го отсликаат неговиот талент затоа што како што знаеме ,уметноста на луѓето е огледало на нивните умови.
Атмосферата на изложбата беше придружана со прекрасна музика, вкусното слатко од диви смокви и квалитетно вино .
Со почеток во 20.15 часот во просториите на галеријата во Стар Дојран започна изложбата каде што беа изложени петнаесетина дела кои Хаџи-Николов ги