ВМРО-ДПМНЕ: Aболицираниот криминалец Зоран Заев нема да може да избега од судот на граѓаните

Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ: реакција на прес конференцијата на Зоран Заев 
Aболицираниот криминалец Зоран Заев, криминалната банда СДСМ и нивните приврзоци нема да може да избегаат од судот на граѓаните.
Заев и СДСМ нема да успеат да го спречат врвното демократско право на секој граѓанин да го искористи својот глас и да одлучува за својата иднина.
На 5-ти јуни граѓаните референдумски ќе гласаат за крај на деструктивното сценарио кое го спроведува СДСМ, потпомогнато од нивните фабрики за афери и сеење магла.
Граѓаните десетти пат по ред ќе му го кажат најголемото „Не“ на аболицираниот манипулатор Зоран Заев кој прави се за да продолжи политичката криза во Македонија и да ја продолжи агонијата на граѓаните.
На денот на изборите Заев и криминалната банда СДСМ ќе одговараат за своите постапки пред народот кој немилосрдно ќе ги казни. А после денот на изборите, ќе одговараат и пред други соодветни инстанци.
  
Aболицираниот криминалец Зоран Заев, криминалната банда СДСМ и нивните приврзоци нема да може да избегаат од судот на граѓаните

Пронајдете не на следниве мрежи: