ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Заев би бил најсреќен кога граѓаните би ја плаќале цената за деструкцијата на СДСМ

Аболицираниот криминалец Зоран Заев би бил најсреќен кога Република Македонија и граѓаните би ја плаќале цената за нивната деструкцијата на сите полиња. Колку полошо за Македонија и народот, толку подобро за аболицираниот криминалец Заев и неговите послушници, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на владејачката партија
Максим Димитриевски и СДСМ веројатно се единствените во Македонија кои не можат јасно да видат дека Македонија не е член на НАТО алијансата само поради противењето на Грција, нејзините уцени и нејзиното  вето.
И на последниот самит на НАТО во Варшава беше повторено дека единствената пречка за членство е спорот кој Грција го наметнува.
Ова не очекуваме да го разберат структурата околу аболицираниот Зоран Заев. Впрочем оваа структура предлагаше Македонија да си ја свиткала кичмата за проблемот кој што Грција го има со нашето име. Зоран Заев, Максим Димитриевски и Оливер Спасовски со свиткани кичми си правеа фотосесии во Диво Насеље кога Македонија беше завиена во тага по смртта на македонските бранители минатата година.
Политиката и реториката на СДСМ исполнети со омраза деструкција и манипулации не поминува кај граѓаните. Тие за ваквата нивна антимакедонска политика беа казнувани десет изборни циклуси по ред, ќе бидат и повторно казнети.
ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од поранешните комунисти, останува трајно определена за стратешките приоритети како НАТО и ЕУ.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на владејачката партија
Максим Димитриевски и СДСМ веројатн

Пронајдете не на следниве мрежи: