ВМРО-ДПМНЕ: Царовска заедно со Ременски демонстрираа реваншизам со незаконски разрешувања

Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Мила Царовска нема што да зборува за овој ресор бидејќи резултатите на СДСМ се ужасни, а откако Фросина Ременски беше назначена за технички министер за труд и социјала спроведува само партиски наредби за реваншизам и внесување хаос во министерството.Реакција пратена од ВМРО-ДПМНЕ која се однесува на изјавата на Мила Царовска
Затоа Царовска одлучи ресенчани да ги гледа во очи и да ги лаже за земјоделието. Граѓаните знаат дека СДСМ е партија позната по тоа што за неа земјоделците секогаш биле непознати кога била на власт.
СДСМ се сети дека постојат земјоделци откако владата на ВМРО-ДПМНЕ воведе стотици милиони евра субвенции секоја година во земјоделието.
Пред Ременски да започне со хаварисување на ресорот труд и социјала, еве само дел од фактите поврзани со работењето на владата на ВМРО-ДПМНЕ: Во 2006 година просечната исплатена нето плата во Република Македонија изнесуваше 13.517 денари, а просечната исплатена месечна нето плата по вработен за месец јануари 2016 година изнесува 22.254 денари.
Во 2005 имаше рекордна невработеност од 38,7% за сега да биде 24,6%.
Пензиите од 2006 до октомври 2015 се зголемија за: најниската пензија за 90,32% од 4.330 денари во 2006 година на 8.241 денари во 2015 година; просечната пензија за 70,1 % од 7.688 денари во 2006 година на 13.077 денари во 2015 година. Беа отпишани долгови на ранливи категории на граѓани во износ од 1.798.493.393 денари Царовска зборува за реваншизам, а избркаа 44 луѓе од Прифатен центар за мигранти во Гевгелија.
Царовска заедно со Ременски демонстрираа реваншизам со незаконски разрешувања на директори, работејќи по деструктивниот план на СДСМ и истовремено покажувајќи врвна неспособност.
Затоа после 5-ти јуни ниту Ременски, ниту Царовска било кога повторно во животот ќе добијат шанса да руинираат туѓи дела и проекти, без мандат од народот, само за да создаваат кризи во Македонија.
Граѓаните ќе го казнат ваквото деструктивно и манипулантско однесување на СДСМ.Реакција пратена од ВМРО-ДПМНЕ која се однесува на изјавата на Мила Царовска
Затоа Царовска одлучи ресенчани да ги гледа в

Пронајдете не на следниве мрежи: