ВМРО-ДПМНЕ: На граѓаните им е совршено јасно дека СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми

Медиумите кои според СДСМ се фер и избалансирани затоа што секојдневно ги фаворизираат манипулациите на кои им отстапуваат илјадници секунди во своите информативни програми, повторно известуваа селективно.Граѓаните кои ги следат овие медиуми уште еднаш ја немаа можноста да добијат вистинска слика за случувањата во земјата и да ја слушнат вистината. Граѓаните кои ги следеа овие медиуми не дознаа дека една од првите 500 компании според „Форчун 500“, американската мултинационална корпорација „Амфенол“ ќе отвори трета фабрика во Македонија, која што ќе биде изградена како гринфилд инвестиција.
За Телма и 24 Вести инвестициите и новите работни места во Македонија не се важни. Ниту Телма ниту 24 Вести исто така не сметаа дека е важно за граѓаните дека со промоција на последните 38 наслови беше заокружена капиталната книжевна едиција на Владата и Министерството за култура „Ѕвезди на светската книжевност“, во која во изминатите четири години беа преведени и отпечатени вкупно 560 најзначајни дела во историјата на човештвото и голем дел од книгите прв пат добија превод на македонски јазик.
Но, затоа тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ беа на ТВ Телма во 3495 секунди од своите централни вести и дебатни емисии, а ТВ 24 Вести на наративот идентичен со тој на СДСМ и на неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ посвети 2775 во еден блок на централни вести и дебатни емисии.
Пропагандата на СДСМ на нивните омилени телевизии беше застапена со вкупно 6270 секунди во само еден појас на информативни програми и дебати. Од почетокот на март, СДСМ доби 138.570 секунди во истиот програмски појас на нивните омилени телевизии. Овие телевизии според извештаите од Бихаќка се фер и балансирани и ги нема на листата на политички непријатели на Заев и СДСМ со кои СДСМ планира да се пресметува преку драконски казни и одземање лиценци.
Кај порталите кои граѓаните ги идентификуваат како партиски гласила на СДСМ, како што се наградуваниот за фабриките на СДСМ Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила, вчера повторно работеа со полна пареа промовирајќи ги конструкциите и измислиците на СДСМ.
Според СДСМ, така изгледа избалансираното новинарство – медиумите кои ќе ги слушаат нарачките од СДСМ ќе се фер и балансирани, а другите ќе се на ѕидот на срамот и треба да им се одземе лиценца.
На граѓаните им е совршено јасно дека СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите.Граѓаните кои ги следат овие медиуми уште еднаш ја немаа можноста да добијат вистинска слика за случувањата во земјата и да ја слушнат вистината. Г

Пронајдете не на следниве мрежи: