ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува брутаниот чин на претепување на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес – Тодор Петров

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува брутаниот чин на претепување на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, господинот Тодор Петров.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Даниела Рангелова, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
За нас тоа е кукавички и подмолен акт со кој што се прави огромна штета на државата.
Дестабилизацијата и наметнувањето на криза е очигледно и веќе видено сценарио против мирот, стабилноста и соживотот во Република Македонија.
МВР под контрола на СДСМ и нивните партиски кадри е во длабок сон и нем соучесник во ваквото сценарио. Оливер Спасовски незаконски ги разреши професионалните кадри во министертвото и инсталираше свои послушници, вклучувајќи го и началникот на СВР Скопје.
Ваквата деструкција на професионализмот во министерството почнува дa се покажува и во пракса. Оливер Спасовски во овие четири месеци освен што работеше на конструкција на случаи заедно со неговиот сопартиец Чауш и што со Катица Јанева договараа незаконско апсење на единствениот македонски градоначалник надвор од земјава Едмонд Темелко, не сработе ниту едно нешто за кое добива плата од граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ бара Оливер Спасовски да ги пронајде, уапси и санкционира сторителите. Бруталното насилство врз Тодор Петров е доказ за наметнатата деструкција која СДСМ ја произведува во општеството и која веќе нема граници и излегува од контрола.
Главниот грев на Тодор Петров е дека поднесе иницијатива за оценување на уставност за формирањето на Специјалното јавно обвинителство и што низ легална процедура поднесе иницијатива за градење на крст во општина Бутел.
Последниот случај е доказ за хаосот во кој СДСМ ја втурна државата, но и хаосот во кој што се наоѓаат институциите кои СДСМ ги контролира.
Оливер Спасовски е најголем срам за македонската држава. Тој е синоним за кукавичлук, неработење и рушење на државните и национални интереси. Оливер Спасовски е човекот кој ден по акцијата во Диво Насеље не отиде да ги посети повредените полициски службеници туку отиде да се фотографира на местото каде што гинеа македонските херои.
На крај, на Оливер Спасовски му порачуваме: наместо да ги инструира неговите најблиски соработници да одат на протести пред Уставен суд и наместо да се занимава со сплетки и интриги, најитно да го реши овој случај.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Даниела Рангелова, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Пронајдете не на следниве мрежи: