ВМРО-ДПМНЕ: Никаде на планетата нема болница во која може да се лечи болеста на СДСМ

Никаде на планетата нема болница во која може да се лечи болеста на СДСМ. Не постои таква клиника никаде во светот. 
Против ширење на оваа болест лекот се само граѓаните на Република Македонија кои на избори се штитат себеси и државата да не заболат повторно од едно вакво канцерогено заболување.
СДСМ беше канцерот во македонското здравство кој освен што парите на граѓаните ги трошеше за бисери за колешките на Владо Димов, не вложи ниту денар за поквалитетно здравство.
СДСМ беше канцерот во македонското здравство во кое стентови се продаваа под маса, 8 месеци се чекаше за ангиографија и неретко срцевите болни не успеваа ни да ја дочекаат, на клинички работеше еден компјутерски томограф, а за зрачна терапија граѓаните мораа да одат до Грција бидејќи тука акцелераторите не работеа.
Сето ова се случуваше затоа што наместо да водат сметка за здравјето на граѓаните, министрите за здравство на СДСМ купуваа ѓердани.
Денес, кога во Штип е поставен камен темелникот на новата Клиничка болница, инвестиција вредна околу 30 милиони евра и во која здравствени услуги ќе добиваат над 200.000 пациенти, СДСМ како реакција до медиумите испрати слика од шунка и леб. Трагедија.
СДСМ шајка не закова во болниците цело време додека беше на власт и не купи ниту апаратче за течен сапун па да може барем да го презентира како нова опрема која СДСМ ја поставил во болниците.
Денеска кога владата на ВМРО-ДПМНЕ ја промовираше изградбата на новата клиничка болница која ќе биде најсовремениот објект изграден во сферата на здравството, објект којшто ќе има 34.000 метри квадратни, во кој ќе бидат сместени сите одделенија, амбуланти, специјалистички амбуланти и ургентниот центар, СДСМ реагираше со слика од шунка и леб.
Ниту еден човек не верува на лагите на СДСМ. Можат уште сто илјади пати да ги кажат, но и самите се помалку си веруваат на себеси, бидејќи проектите во здравството се реални.
Во делот на здравствената инфраструктура во тек е инвестициски циклус со вредност од 150 милиони евра, од кои дел од инвестициите се комплетно реализирани, а дел се во тек.
Во Клиничката болница во Штип набавена е опрема: компјутеризирана томографија, магнетна резонанца 1.5 Т, литотрипор, ангиограф, коскен дензитометар, кардиолошки ехо-апарати, гинеколошки 4Д ехо апарати, инкубатор итн.
Oвие апарати во време на СДСМ беа научна фантастика и граѓаните од Штип можеа да ги видат само на слики, а потоа да патуваат стотици километри за да се борат за своето здравје, бидејќи за СДСМ поважни беа ѓерданите на Владо Димов.
За потсетување на златарите од СДСМ, еве дел од покрупните проекти во здравството, ветени и реализирани од владата на ВМРО-ДПМНЕ:
-Комплетно нов објект за Детската болница Козле, инвестиција вредна околу 7 милиони евра, реализирана според врвните европски и светски стандарди за здравствени услуги од оваа област. Болница која е единствена од ваков тип кај нас и една од најмодерните во регионот.
-Комплетно нов објект на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, со значително поголем простор од претходниот, и значително подобри и посовремени болнички услови. Клиниката е опремена и со нова опрема во вредност над 110 милиони денари. Oваа клиника на златарите од СДСМ може да им ја покаже Катерина Шахпаска која вчера стоејќи пред новиот објект тврдеше дека тој не постои, како што според Шахпаска и СДСМ не постојат ни сите други инвестиции во здравството. Наредниот пат СДСМ би требал да се обиде да ја замени Шахсапска со Дејвид Коперфилд, за да им биде колку-толку поуспешен обидот за илузија дека она што е изградено, не е изградено.
-За првпат по 50 години во Република Македонија, Владата ја основа првата државна кардиохирургија. Вкупната инвестиција е во вредност околу 140 милиони денари (околу 36 милиони денари за градежниот дел и над 100 милиони денари за најсовремена опрема со која може да се вршат сите типови кардиохируршки процедури).
-Целосна реконструкција на Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Јасеново“ – Велес во вкупна вредност од 126.375.433 денари.
-Комплетно нов Дијагностичко-ургентен центар во рамки на Клиничка болница Тетово, со кој значително се подигнува нивото на квалитет на  здравствените услуги во овој регионален медицински центар кој покрива поширок регион во околината. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 191.063.368 денари.
-Оваа влада изгради нова болница во Охрид.
-Целосна реконструкција на Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир – Скопје, во вредност од 86.061.823 денари.
Ова се бројките и фактите на ВМРО-ДПМНЕ во здравството.
СДСМ измислуваше бројки за висока смртност на доенчиња во Македонија, па ликуваше на нив. СДСМ не го осуди пукањето врз здравствените работници и убијците во обид ги нарече „незадоволни пациенти кои си ја земале правдата во свои раце“. СДСМ лаже дека нема лекови за пациентите. СДСМ кој едно камче не постави како темел на нова болница, денес не што не го поздравува градењето на ваков единствен здравствен комплекс во Македонија, туку до медиумите праќа слики од шунка и леб.
За таков СДСМ лекот го имаат граѓаните. И успешно се штитат 10 години по ред.
  
Против ширење на оваа болест лекот се само граѓаните на Република Македонија кои на избори се штитат себеси и државата да не за

Пронајдете не на следниве мрежи: