ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп до СДСМ: Времето во кое можевте, а не изградивте ништо – помина

Pеакција на прес-конференција на СДСМ ОО Прилеп. 
Почитувани од СДСМ,
Времето во кое можевте, а не изградивте ништо – помина. Ветувате изградба на патишта, а го оставивте Прилеп без водовод, канализација, со неасфалтирани улици и епитет „најголемо село во Македонија“.
ВМРО-ДПМНЕ инвестираше над милијарда евра во патната инфраструктура. Во моментов се градат три автопати, изградени и реконструирани се над 510 километри регионална патна мрежа и 750 километри локална патна мрежа. Во Прилеп откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт изградени се повеќе од 170км нова асфалтна мрежа.
Потсетете ги граѓаните на барем еден проект од ваше време!
Единствените субвенции кои СДСМ им ги вети на земјоделците и никогаш не ги исплати беа во 2005 година, кога тутунарите беа тепани на Плетвар барајќи го она што им беше ветувано.
Почитувани,
Граѓаните добро знаат дека на вашите ветувања не може да им се верува. Граѓаните знаат дека единствените проекти кои се во нивна корист може да ги најдат во
Програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа истите реализирани во Отчет за сработеното пред секои избори. Токму затоа уште еднаш ве повикуваме, кажете барем еден проект кој сте го направиле во Прилеп.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп
  
Почитувани од СДСМ,
Времето во кое можевте, а не изградивте ништо – помина. Ветувате изградба на патишта, а го оставивт

Пронајдете не на следниве мрежи: