ВМРО-ДПМНЕ: Опозициските медиуми изоставија да иформираат дека Стандард и пурс го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија

Граѓаните кои ги следат медиумите блиски до СДСМ или финансирани од Сорос повторно немаа прилика да ги слушнат сите факти и да добијат вистинска слика за тоа што се случува во државата.- Опозициските медиуми изоставија да иформираат дека Стандард и пурс го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија ББ со стабилна перспектива на државата. Во извештајот се земени најзначајните економски параметри и истиот претставува најдобар демант на критиките од опозицијата кои обвинуваат за водење на погрешна политика Немаше ниту збор дека е објавен оглас за четири мерки за вработување. Станува збор за три различни видови на обуки и една мерка која е во форма на грант, неповратни финансиски средства за приватните компании и невработените лица.
Во март СДСМ доби 146.850 секунди, додека од почетокот на месец април доби над 9000 секунди во само еден програмски појас на две телевизии. Ваквите телевизии според извештаите од Бихаќка се фер и балансирани и не се ставени на листата на политички непријатели на Заев и СДСМ со кои СДСМ планира да се пресметува преку драконски казни и одземање лиценци. Кај соросовите портали како Плус Инфо, Либертас, А1 Он, Нова Тв, Фокус и другите кои граѓаните ги препознаваат како мегафони на опозицијата ништо ново. Според предвидената норма, објавени се неаргументирани написи против ВМРО- ДПМНЕ. Од балансираното новинарство кај овие портали важи само балансот на банкарското салдо после посетата на Сорос.
Ваква медиумска Македонија сака да гледа СДСМ. Сите портали и телевизии кои спроведуваат директиви од СДСМ се прогласувани за добри телевизии, а сите кои не се покоруваат на наредбите од Бихаќка треба да бидат казнети со одземање лиценци. Тоа е лицемерието на СДСМ во врска со медиумите и правото на слобода на информирање. СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите.
Ваквото тоталитарно однесување на СДСМ кон медиумите одговара на стандардите на Северна Кореја и ИСИС, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.- Опозициските медиуми изоставија да иформираат дека Стандард и пурс го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија ББ со стабилна перспектив

Пронајдете не на следниве мрежи: