ВМРО-ДПМНЕ: Постојат деловници за работа и тие мора да ги почитува Петре Шилегов

Целата јавност до вчера мислеше дека Петре Шилегов бара 2 гласа во Анкетната комисија, а тој денеска си додели право на 9 гласа.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
Сам закажува, сам откажува седници и сослушувања, како целата Анкетна комисија да е негова приватна сопственост и играчка.  За него не постои ни деловник за работа на Собранието, ни деловник за работа на Комисијата. Желбата на Шилегов да го диктира работењето на Анкетната комисија е во склад со демократскиот капацитет на неговата партија.
СДСМ сака да диктира како ќе работат медиумите, банките, полицијата. Диктатот е потпис на СДСМ, а денес тоа го потврди и Шилегов. За ситни политички поени Шилегов по обичај се обидува да манипулира и лаже, и покрај тоа што како претседател на комисијата ги знае сите податоци кои треба да ги знае.
Шилегов не успеа да одолее на приликата барем за кратко да се почувствува како сопственик на Анкетната комисија и да си ја реализира јавно искажаната желба неговиот глас да вреди повеќе од сите останати, желба која не му се оствари.
Работењето на Анкетната комисија е сериозно и вакви маалски финти тука не проаѓаат. Собранието на Македонија не е Фејсбук профилот на Шилегов, за да ги ослободува фрустрациите обидувајќи се да наметне авторитет. 
Постојат деловници за работа и тие мора да ги почитува Петре Шилегов, без оглед на неговите автократски аспирации.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
Сам закажува, сам откажува седници и сослушувања, како целата Анкетна комиси

Пронајдете не на следниве мрежи: