ВМРО-ДПМНЕ: Рекордни бројки во мртвата трка меѓу медиумите кој ќе му отстапи повеќе простор на СДСМ за ширење на манипулативната пропаганда

Рекордни бројки во мртвата трка меѓу медиумите кој ќе му отстапи повеќе простор на СДСМ за ширење на манипулативната пропаганда.Лидер е ТВ 24 Вести која го држи приматот во отстапување најмногу простор на СДСМ, одвојувајќи цели 820 секунди од централниот дневник за промоција на манипулациите на СДСМ и неаргументирани напади и извртување на тезите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.
На ТВ Телма овој блок во централните вести беше малку помал во споредба со 24 вести, но многу солидни 770 секунди посветени на промовирање на СДСМ и црната кампања од Бихаќка против ВМРО-ДПМНЕ.
Притоа, на никого од СДСМ не му беше поставено прашањето од страна на овие медиуми дали Едмонд Адеми, новиот советник на Оливер Спасовски кој повикуваше на леење на крв по улиците минатата година, е вработен во МВР со цел да работи на спроведување на едно такво сценарио.
Порталите за кои граѓаните немаат сомнеж дека се мегафони на опозицијата, како што се Плусинфо, Либертас, А1он, Фокус, Нова Тв и редица други, повторно ја исполнија дневната норма: во 115 текстови се промовираа манипулациите на СДСМ, а 75 текстови беа посветени на неаргументирано напаѓање на ВМРО ДПМНЕ.
Лицемерно е кога СДСМ зборува за медиумски мрак, неизбалансирано известување и правична застапеност во услови кога плејада портали и телевизии синхронизирано работат за да ги пласираат измислиците од фабриките за афери на СДСМ.
СДСМ не сака професионализам во медиумите, туку сака целосна контрола врз нив. СДСМ сака сите медиуми да работат по урнек на оние кои без забелешки ги спроведуваат диктатите од Бихаќка.
Медиумите кои нема да ги слушаат смерниците од СДСМ, според тоталитарниот план на опозицијата е да бидат жестоко казнувани. Ваквите идеи на СДСМ значат обид за воведување цензура, високи казни и одземање лиценци за медиумите кои СДСМ ги смета за свои политички непријатели
Сеуште е непознато колку пари чини и на каков начин се плаќа ваквата промоција на СДСМ. Истражните органи треба да утврдат дали за медиумските мегафони на СДСМ важат истите закони како и за останатите граѓани, односно дали им се исплаќаат пари за ваквата пропаганда на сметка или се оди на рака.
Врвното лицемерие на СДСМ е одамна прочитано од граѓаните.Лидер е ТВ 24 Вести која го држи приматот во отстапување најмногу простор на СДСМ, одвојувајќи цели 820 секунди од централниот дневник за&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: