ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го подготвува Зоран Заев за градоначалник на Радовиш

СДСМ го подготвува Зоран Заев за градоначалник на Радовиш.Во Радовиш Заев можеби ќе ги отвори конечно трите индустриски зони со триста погони и 3.000 вработувања кои не успеаа да никнат во Сачево, иако празните ливади Заев ги посеа со лажни ветувања. За разлика од него ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ќе донесе 1.500 нови вработувања со само една инвестиција, половина од ветените и излажани работни места на Заев.
Доколку сака да стане прв човек на Радовиш Зоран Заев ќе мора да им објасни на радовишани зошто вработеноста во Општина Радовиш е зголемена за речиси 50% во време на ВМРО-ДПМНЕ, а во време на СДСМ од општината се иселија сите млади лица.
Заев ќе треба да им објасни на радовишани зошто СДСМ ги затвори Јака табак, Јака 80, Бетон, Тргоснабдител, Декортекс, ЗИК–радовишко поле. Ако е сериозно заинтересиран за градоначалничкото место во Радовиш Заев ќе треба да смисли нови лаги, бидејќи тие дека го бива за било какви инвестиции се веќе прочитани и му го урнисаа рејтингот на мизерни 5%. Заев на Радовишани може да им вети дека ќе отвори менувачница на Вицето, па да проба така да ја придобие нивната доверба.
До кандидатурата на Заев во Радовиш, во општината остануваат досегашните бројки и факти кои се дело на ВМРО-ДПМНЕ.
-Основање на ТИРЗ зона „Радовиш“ и изградба на I фаза
-Реконструиран и асфалтирани се бројни локални патишта
-Изградени се и асфалтирани бројни улици во општината
-Изградена училишна спортска сала во ОУ„Крсте Петков Мисирков“
-Изградено мултифункционално спортско игралиште во ОУ „Никола Карев“
-Изградени тениски терени -Нова училишна зграда на ООУ „Никола Карев“
-Нова училишна зграда на ООУ „Крсте П.Мисирков“
-Нова училишна зграда на подрачното училиште на ООУ „Орце Николов“ во с. Злеово
-Реконструиран културниот дом во село Ораовица.
Еве дел од проектите кои се реализирани или во фаза на реализација од страна на локалната самоуправа:
-Реконструиран Здравствениот дом Радовиш со инвестиција вредна 13.500.000 денари
-Дониран е и 3Д Ехо апарат, а во постапка е и набавката за мамограф преку Министерството за здравство
-Локален пат Калугерица-Подареш
-Изградба на училиште во с.Покрајчево
-Канализација во с.Ињево и с.Покрајчево
-Изградба на атмосферска канализација во УБ 26 -Изградба на фекална канализација во Раклиш
-Изградба и асфалтирање на улици во градот и населените места
-Изградени се детски катчиња и детски паркови оплеменети со детски реквизити и урбана опрема
-Изградени се мултифункционални игралишта
-Изградени се мостови на Ињевска,Ораовичка и Радовишка река
-Хортикултурно е уреден централниот дел од булеварот Александар Македонски.
Бројот на странски инвестиции кои ги овозможи владата на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од 50. Бројот на отворени нови работни места е повеќе од 140.000.
Народот тоа го знае и за 140 дена ќе ги казни ваквите манипулации на СДСМ. На 24 април доаѓа десеттиот пораз по ред за СДСМ.Во Радовиш Заев можеби ќе ги отвори конечно трите индустриски зони со триста погони и 3.000 вработувања кои не успеаа да никнат во Сачево, иако пра

Пронајдете не на следниве мрежи: