ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже. Македонија не е изолирана од меѓународната јавност

Македонската опозиција повторно пишува невистини. Република Македонија воопшто не е изолирана од меѓународната јавност.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ:
Редовно се остваруваат средби, а нашето присуство е забележано на сите најзначајни настани организирани во светски рамки.
Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов само во Париз успеа да реализира средби со Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, Претседателот на Руска Федерација, Владимир Путин, германската Канцеларка Ангела Меркел. Делегација на Чешката Република на високо ниво оваа недела беше во посета на Република Македонија.
Само во последниот месец, Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски оствари средба со кинескиот премиер Кечијанг Ли, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и уште многу други. Претседавањето на Република Македонија со Централно Европската Иницијатива, го превземаме доброволно и истото, според оценките на ЦЕИ и земјите членки на организацијата е оценето за едно од најуспешните и според бројот на организирани настани и според квалитетот на спроведените активности.
Ова беше потврдено и на Министерскиот Самит што се одржа во Јуни во Охрид на кој присуствуваа делегации од сите држави членки на ЦЕИ, а девет беа претставени на највисоко министерско ниво. Генералниот секретар на ЦЕИ, Џовани Карачиоло ди Виетри ги истакна достигнувањата на Република Македонија во мобилизирање на тематските состаноци.
Последен таков настан беше на ЦЕИ Министерска конференција „Кон Самитот за клима во Париз 2015, предизвици за земјите членки на ЦЕИ“, како и ЦЕИ Бизнис форум на тема “Промовирање на регионалната соработка за подобрување на пазарната конкурентност на ЦЕИ земјоделскиот и прехрамбениот бизнис”.
Слични вакви настани беа организирани и на многу други теми. За прв пат се реализираа и проекти за кои ЦЕИ издвои средства. На маргините на македонското претседавање со ЦЕИ, Дипломатската академија при МНР во соработка со Секретаријатот на ЦЕИ и Иванов Школата за лидери – Алумни Асоцијација, а под Покровителство на ПРМ Иванов го организираше Првиот дипломатски форум на тема: „Макро и микро стратегии за развој: Зајакнување на дипломатските капацитети на ЦЕИ регионот”, што се одржа од 11-ти до 13-ти ноември 2015 г., во Скопје.
Актуелниот предизвик со миграциите ќе биде во фокусот на меѓународната конференција на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР, кој во соработка со Секретаријатот на ЦЕИ ќе организира меѓународна конференција насловена “Миграции и прилив на бегалци во транзитните земји: безбедносни импликации“, кој е уште еден настан што ќе се одржи до крајот на претседавањето со ЦЕИ на Република Македонија, а е финансиран од самата организација.
На вакви и во толкав број значајни активности да се даваат паушални забелешки е во најмала рака некоректно кон сопствената држава.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ:
Редовно се остваруваат средби, а нашето присуство е забележано на сите најзначајни настани организ

Пронајдете не на следниве мрежи: