четврток, 12 ноември 2026
Најново

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може со ниту една лага да го прикрие фактот дека од 2006 до сега се отворени над 160 000 нови работни места

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ што се однесуваше на намалената невработеност 
Ја разбираме патолошката потреба на СДСМ да лаже, да негира и да плука по успесите кои ги бележи Македонија. Тоа го прават од едноставна причина што во време на нивното владеење нема никаков резултат или бележеа длабок минус.
Според СДСМ лаже и Светската Банка кога ја рангира Македонија на 6 место во Европа според Дуинг Бизнис. Според СДСМ лажат и Евростат, ММФ, Европска Комисија, кога ги поздравуваат и признаваат успешните економски политики на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, благодарение на кои Македонија е четврто најмалку задолжена земја во Европа. За СДСМ е кошмар тоа дека е намалена стапката на невработеност на рекордно ниски 24,6%, која во време на СДСМ поради криминалната приватизација се искачи на 39%.
СДСМ не може со ниту една лага да го прикрие фактот дека од 2006 до сега се отворени над 160 000 нови работни места, а во нивно време наместо за нови фабрики и вработувања се зборуваше за 684 затворени фабрики и 200 000 избракани работници на улица.
Денес во Македонија како никогаш до сега се гради, се градат 3 автопати, локални, регионални патишта, болници, училишта, градинки, гасовод и уште десетици други проекти во интерес на граѓаните. Денес извозот на македонската индустрија и земјоделство е зголемен во споредба со времето на СДСМ.
СДСМ треба само да ги погледнат сите статистички показатели за да сватат како Македонија успеа да ја намали невработеноста на 24,6%.
Кога тргнале да ги оспоруваат сите постигнувања, очекуваме во следното соопштение СДСМ да го оспори и успехот на македонската кошаркарска репрезентација во 2011, кога ФИБА ја рангираше на 4-то место на европското превнство. 
Овие постигнувања СДСМ не сака да ги види, но граѓаните секој ден ги гледаат. Затоа СДСМ се плаши, бидејќи видливи се делата од работата на ВМРО- ДПМНЕ. СДСМ затоа се плаши од соочување со народот, затоа што знаат што ги чека, јубилеен десети пораз по ред овој пат покатастрофален и от тој кој го доживеа Радмила Шекеринска.
  
Ја разбираме патолошката потреба на СДСМ да лаже, да негира и да плука по успесите кои ги бележи Македонија. Тоа го прават од е

Поврзани вести